Реклама
MAMAБебиња

Бебе пристигнува во семејствотo: Еве како на постарите братчиња и сестричиња треба да им се соопшти веста

Реклама

Се прашувате како да му кажете на вашето дете дека ќе добие помала сестра или помал брат и како тие ќе реагираат на веста?

Педијатрите тврдат дека реакциите на децата на промените во семејството зависат од нивната возраст. Според Американското здружение за педијатри (ААП), децата реагираат на пристигнувањето на бебето во семејството во зависност од возраста . Прочитајте што да очекувате и како најдобро да му кажете на вашето дете за среќната вест :

Маркетинг

На едногодишно и двегодишно.Овие малечки нема да ја разберат целосно веста , но ќе ја почувствуваат среќата на нивните родители . Мама и тато треба да разговараат за бебето колку што е можно поедноставно, а малите ќе го почувствуваат нивниот ентузијазам. Родителите исто така можат да читаат сликовници за новото семејно проширување . На оваа возраст, на децата им треба многу време и внимание од нивните родители . Кога вашето бебе ќе пристигне, не заборавајте да издвоите време за да имате некоја посебна активност со вашето постаро дете за да не се чувствува занемарено .

Тригодишни и четиригодишни деца.На оваа возраст, повеќето деца се многу приврзани кон нивните родители и може да имаат проблем да го споделат тоа со некој друг . Поради новото бебе, тие би можеле да се чувствуваат загрозени и љубоморни . Па така убаво е да им се чита книги за новата сестра или брат Бидете искрени . Кажете му на вашето дете дека бебето ќе биде слатко, но исто така и малку немирно и дека ќе треба внимание.

Маркетинг

Деца на предучилишна и училишна возраст. Кога децата се на пет години , тие обично не се чувствуваат загрозени од новото бебе , но може да ги навреди дополнителното внимание што ќе му го дадете на бебето . Американското здружение за педијатри советува: Објаснете му на детето што се случува на начин што ќе може да разбере Овозможете му на вашето дете да ви помогне при подготовката на вашето бебе за облакање, бањање…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button