Реклама
LIFESTYLEВирално

Бебе пеперутка во болницата живее шест месеци, никој не доаѓа по неа – родителите не се сигурни дали сакаат да го земат детето

Реклама

Тажна приказна од нашето соседство

На педијатриската хирургија во Чачак, Србија, од првиот ден на неговото раѓање, а веќе шест месеци и три дена, лежи бебето Н.М на кое веднаш по раѓањето му беше дијагностицирана неизлечива болест на кожата, Булозна епидермолиза (позната и како деца пеперутки).

Маркетинг

Проблемите за ова шестмесечно бебе се појавуваат уште од првите моменти од неговиот живот, со оглед дека неговите родители, од причини познати само за нив, сè уште не се сигурни дали сакаат да го одгледаат своето дете.

Маркетинг

За бебето веќе шест месеци несебично се грижи херојскиот персонал на одделот за детска хирургија во болницата во Чачак кои го прифатија бебето уште од првиот момент како да е нивно.

„И кога ќе одам дома, мислам на тоа дете“, вели Билјана Јовановиќ, главна медицинска сестра во одделот за детска хирургија. Според неа, најголем проблем бил недостигот на соодветни средства за ублажување на болката при промена на пелените на малиот Н.М.

Бебето треба да биде пренесено во Белград во болница која е специјализирана за деца со „Epidermolysis bullosa“, но тоа во моментов е невозможно затоа што родителите не го потпишале одобрението со кое бебето ќе добие помош од државата. Благодарение на луѓето со големо срце од едно здружение во Монтреал и Бранко Марковиќ, за само четири дена се собрани 5.900 американски долари, што е доволно за да се обезбедат средства за лекување и нега на малиот Н. М. за една година. Исто така, средствата беа донирани и од родители на деца кои имаат иста болест.

Извор: Курир.рс, Објектив.рс

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button