Бебе оставено пред црква, полицијата трага за родителите – еве што ќе се случи со напуштеното дете!
Новороденче најдено пред црква во Златибор. Полицијата се обидува да најде траг во здравствените институции
Бебето е оставено на прагот на Црквата Свети архангел Гаврил во Чајетина пред десетина дена и се наоѓа во болницата во Ужице, а обвинителството и полицијата досега немаа успех во пронаоѓањето на биолошките родители. Како што пренесуваат медиумите полицијата се обидува да влезе во траг на мајката преку здравствените институции, а се обидуваат да дојдат и до информации дали некоја пациентка водела бременост, а не се проодила во болница.
И додека полицијата се обидува да ги најде биолошките родители, за бебето се грижат вработените во болницата.
„Детето што сите го викаме Гаврило се уште е кај нас, здраво е и добро напредува. Малиот нема ни две недели и ќе остане на истото одделение барем уште месец дена“, изјавија за новости од Здравствениот центар во Ужице.
И додека бебето е на сигурно, се уште нема никакви сознанија кои би можеле да одведат до неговите биолошки родители. Додека потрагата по нив не даде резултати, бебето ќе биде предадено на центарот за Социјални работи.
Бидејќи бебето не е запишано во матичната книга, нема ни име, но медицинарите веќе го викаат Гаврило по храмот пред кој беше оставено бебето замотано во пелени.
Најважно е што бебето што беше оставено пред црквата е здраво, вакцинирано и заштитено од евентуални инфекции. Покрај медицинскиот персонал, и сограѓаните сакаат да се вклучат во грижата за детето. Во болницата велат дека тие се јавуваат и сакаат да ги донесат сите потребни работи за детето, од храна до пелени, но докторите напоменуваат дека за овој вид на помош сега за сега нема потреба.