Реклама
LIFESTYLEВирално

Бебе од четири и пол месеци почина во својата бебешка количка

Реклама

Радмила и Саша Марковиќ од Петловаца во близина на Шабац останаа без своето 4 и пол месечно бебе.

Кристијан заспа во количката и повеќе не се разбуди. Причината за смртта треба да биде позната по обдукцијата.

Маркетинг

„Леле, тато, мамо, како ќе го преживееме ова, да видите колку е само убав.? Но, неговите очи се затворени, тој повеќе нема да се разбуди. Го облековме во алиштата што тетката му ги купи”, вели мајката Радмила во плач.

Кристијан, имал големи здравствени проблеми од неговото раѓање. Роден е во Лозница во седмиот месец од бременоста. Немал ни две килограми, па затоа бил префрлен во еден институт во Белград. Тој бил третиран таму два и пол месеци, а потоа се вратил дома и се чинело дека се е во ред.

Маркетинг

„Тој во Белград беше лечен од  13 болести, имаше сепса, но лекарите го спасија. Откако го отпуштија ни кажаа дека има шум на срцето, аритмија и дека нешто не е во ред со неговата тироидна жлезда, а утре ќе го закопаме “, вели Радмила.

Во саботата вечерта, околу 21:30 часот, мајката му подготвила храна во шише. Откако јадеше таа го врати во количката. Бебето веднаш заспало. Потоа не можеа да го разбудат. Го одведоа во амбуланта каде што лекарот можел да констатира само смрт. Смртта е регистрирана во 23:03 часот.

„Бог ни го подари, тој се роди пред време но тоа било неговата судбина “, изјави дедо Милан за трагичниот настан.

Саши и Радмила минатата година им се запали куќата и дури неодамна почнаа да ја реновираат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button