Беа прогласени за најубави бебиња близначки на светот – сега имаат девет години и се уште ги освојуваат социјалните мрежи
Тие беа прогласени за најсимпатичните бебиња близначки на светот – сега имаат девет години и се уште го освојуваат интернетот со своите фотографии.
Нивната мајка Жаки Клементс кога ги роди близначките, на 7 јули 2010 година, немаше поим дека животот ќе и се промени толку благодарение токму на нејзините ќерки.
Секако таа и сопругот очекувале дупло менување на пелените и непреспиени ноќи, но немаа поим дека близначките ќе подигнат толкава фама. Тие го освоија интернетот, а кога ќе ги видите нивните слики, ќе ви стане апсолутно јасно зошто овие млади дами се толку познати.
Ава Мари и Леа Роуз се родени четири и пол недели порано. Тие како од самото раѓање да се подготвувале да го освојат светот, па така нивните први фотографии станаа вирален хит. Како минуваше времето, луѓето се повеќе забележуваа колку се убави, а нивната мајка првиот договор со агенција го потпиша кога имаа само шест месеци.
„Откога памтам, додека се шетаме заедно ќе ми се приближеа непознати луѓе и ќе ме прашуваа за моите близначки. Следните коментари секогаш беа – ‘Ох, колку се убави, треба да ги запишете да бидат манекенки’“.
Но потоа следуваа неколку неуспешни моменти, а Жаки беше нервозна по прашањето на враќањето на нејзините ќерки во модната индустрија. Но кога наполнија 7 години, работите се променија. Жаки го сподели моментот кога сфати дека се подготвени за светлото на рефлекторите.
Првиот настап им беше за семеен пријател кој отвори бутик за деца. Жаки се сложи да му помогне.
„Не можам да кажам дека знаев што правам. Ава би гледала во камерата, додека Леа гледаше во празно… Потоа Леа случајно би ја глумела Ава, која мислеше дека е намерно и се обидуваше да и врати. Но на крајот сепак излезе дека беа успешни, што беше за изненадување. Имавме неколку добри фотографии за пријателот и за нас да ги испратиме во модните магазини надевајќи се дека ќе покажат интересирање“, вели нивната мајка во интервју за странските медиуми.
По многу прекини и местења, Жаки успеа навистина да направи добри фотографии од нејзините девојчиња. Ги објави на Инстаграм и повторно за час го освоија интернетот. Агентите ѕвонеа сакајќи да ги запознаат девојчињата. На крај потпишаа договор и тоа не со една, туку со две агенции од Калифорнија и од тогаш нон-стоп се зафатени.
Постои причина зошто Ава и Леа ги сметаат за најубавите близначки на свет. Не знаеме што иднината подготвува за нив, но со мајка како Жаки, сигурни сме дека многу врти ќе им бидат отворени во животот.