Реклама
Холивуд

Барбра призна пред сите дека имала АФЕРА со принцот Чарлс

Реклама

Легендарната актерка и пејачка Барбра Страјсенд воопшто не се двоумеше да признае дека имала афера со принцот Чарлс, па во последната пригода изнесе и некои детали во врска со нивната афера.

Бидејќи низ медиумите во минатото се шпекулираше дека 77 годишната пејачка имала љубовна приказна со престолонаследникот на Велика Британија, таа сега реши тоа и официјално да го потврди.

Маркетинг

Таа во неделата во Хајд Парк во Лондон одржа концерт при што ги изведе некои од своите најемотивни песни кои меѓу другото ги слушаа и Викторија и Дејвид Бекам. Тие беа на нејзиниот концерт за да се потсетат на музиката што ја слушале во своите тинејџерски години, а пејачката откри дека можела да стане еврејска принцеза ако коцките се наместиле малку поразлично и по тој повод отворено коментираше пред својата публика: „Ако малку подобро ми се наместеа картите можев да бидам принцеза“

Маркетинг

Барбара и принцот Чарлс се запознаа о 1974 година на снимањето на филмот „Funny Lady”, а се сретнаа уште еднаш во 1994 година кога настапи за неговата хуманитарна организација во Лондон.

Инаку, оваа популарна 77 годишна актерка и пејачка веќе 21 години е во брак со Џејмс Бролин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button