Реклама
Новости

Банкар навредил жена која е веган кога побарала кредит: „Треба некој да ти удри шлаканица “

Реклама

Една корисничка на  „NatWest“ банката, доживеа непријатна ситуација кога се обидуваше да добие кредит, а причината за тоа беше фактот дека била веган.

Имено, на 23 јануари, клиентката телефонски контактирала со банката за да се распраше за кредит кои и бил потребен за запишување на нутриционистички курс, а во разговор таа изјавила дека е веган, која предизвикала многу непријатна реакција од другата страна. „На сите вегани треба да им се удри по една шлаканица во лице”, изјавил банкарот “, пишува Телеграф.

„Му реков дека сум веган а тој продолжи да зборува дека сите треба да добиеме по една шлаканица. Го прашав зошто така размислува, а тој рече дека му пречат  активистите кои ги прават овие група на луѓе пишувајќи транспаренти дека животните се пријатели, а не храна “. Тој и рекол на клиентката дека веганите кои живеат во неговата близина сакаат да го наметнат нивното размислување, изјави вознемирената жена од Бристол.

Маркетинг

Таа додаде дека причините за ваквата исхрана се многу подлабоки од самиот „хир”, поради што неговите зборови особено ја погодија.

„Моето семејство и јас решивме  да јадеме зеленчук откако мојата ќерка требаше да биде испитана од специјалист за рак, што беше ужасно тешко. Кога некој вели дека сака да ме удри во лице затоа што сум веган, тоа не е само напад врз мене, туку и на моите деца. Ако зборуваме за мојата вера, сигурно немаше да ми даде таков коментар”, додаде таа.

Маркетинг

Поради ваквата ситуација, ќе биде спроведена внатрешна истрага против службениците, а портпаролот на банката јавно се извини.

„Ние ужасно жалиме за начинот на кој нашиот клиент беше третиран од страна на  вработениот и се извинуваме за стресот предизвика од неговото однесување. Ќе разговараме со корисникот кога ќе му одговара, ние се извинуваме и се обидуваме да ја обновиме нашата врска “, заклучи тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button