Реклама
Вирално

Балканот се отвора, но не и Македонија: можен карантин и за Задушница – коронавирусот носи лоши вести за оние што се во странство

Реклама

И додека повеќето земји во регионот ги отвораат своите граници, во Македонија ситуацијата полека излегува од контрола.

Па така Србија ги отвора границите со Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија, а Босна и Херцеговина за Србија, Хрватска и Црна Гора. Во Србија исто така започнуваат да се играат и спортските натпревари, со тоа што на отворено може да има до 1000 гледачи, а ќе бидат дозволени и прослава на матурски со до 50 ученици.

Маркетинг

Во Албанија денеска се отвораат границите со соседите, плажите на хотелите започнуваат со работа, а исто така започнуваат со работа градинките и јаслите. Во Грција исто така започнуваат со работа основните училишта, градинките и забавиштата, сите молови, летните кина, голф-игралиштата, масажните салони, библиотеките и базените.

Хотелите започнаа со работа, а исто така и летните кампови, освен детските. Дозволена е организација на свадби, а ќе работат и салоните за тетовирање и пирсинг.

Маркетинг

Во Романија започнува работата на плажоте и угостителите, се враќа железничкиот сообраќај и концертите и спортските натпревари на отворено со максимум 500 посетители.

Словенија пак веќе објави административен крај на епидемијата со коронавирусот, а носењето заштитни мески само се препорачува, дури и на затворено.

Македонски случај

Што се однесува до ситуацијата во Македонија, министерот за здравство Венко Филипче, оценува дека не треба да се избрза со донесување на одлука. Тој изјави дека е убеден дека соседите ја следат ситуацијата кај нас и ги гледаат бројките, така што во следните неколку денови ќе разговараат на оваа тема.

– Сметам дека сега е се уште рано да ги отвориме границите заради тоа што тоа е дополнителен ризик и кон околните земји, ако патуваат луѓе од региони во кои има повеќе пациенти кај нас, а и при враќањето секако. Патувајќи се зголемува ризикот од појава на случаи кои, на некој начин, би го донеле вирусот од некој од соседните земји. Во таа смисла ќе ги правиме проверките на податоците, ќе ги анализираме бројките па ќе носиме одлука за границите. Утрово утврдивме дека денеска е рано да се дискутира за тоа, но ја имаме цела недела пред нас, истакна министерот, одговарајќи на новинарско прашање кога ќе се отворат границите во земјава.

Македонците не можат во Црна Гора

Црна Гора донесе одлука од денеска да ги отвори сите патни гранични премини кон соседните земји.

Црна Гора се отвори за 131 земји од светот, но на списоците не се најдоа Македонија и Ирска каде што стапката е зголемена на 25 пациенти на 100.000 жители.
„Ако сите успеавме да останеме трпеливи и заштедени толку долго, сигурни сме дека во наредните неколку дена или недели, сè додека одредени земји ќе треба да ги исполнат нашите критериуми, нема да биде поголем труд или жртва што сите ќе ја направиме заедно од двете страни на границата“, објави црногорскиот институт.

Црна Гора донесе одлука од денеска да ги отвори сите патни гранични премини кон соседните земји, кои беа затворени како дел од мерките против ширењето на Ковид-19.

И за задушница поригорозни мерки?

Инаку следниот викенд е Духовден или Задушница, кога традиционално, христијаните ги посетуваат гробиштата, се собираат многу луѓе на едно место и се дели храна. Во врска со празникот Министерот за здравство вели дека ја имаат во предвид ситуацијата и одлука за тоа дали ќе се воведат поригорозни мерки ќе донесат во следните неколку дена во зависност од тоа како луѓето ќе се однесуваат.

– Сите опции се во игра – рече Филипче за Задушница.

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19.

Во ГОБ „8 септември“ животот го изгубија 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби битката ја изгуби еден пациент од Тетово, 54 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 17 оздравени пациенти. Оздравени пациенти се регистрирани во: Скопје 2, Прилеп 12 и Велес 3.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2315, бројката на оздравени пациенти е 1569, на лица кои го изгубиле животот е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Досега во земјата се направени вкупно 30302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи.Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button