Балканот на нозе: Очаен татко постави шатор пред болницата во која се лекува неговиот син „ Детето ми се јавува преку токи- воки и плаче, а мене не ме пуштаат внатре“
Таткото Роберто Матеш три дена буквално кампирал пред општата жупаниска болница на хрватските ветерани во Пакрац во која неговиот 7-годишен син Шимун се лекува од воспаление на белите дробови.
Матеш поставил импровизиран шатор во кој го поминува денот и ноќта, а поради неповлните временски прилики шаторот му прокисна. Со својот син разговара преку воки – токи.
Набрзо неговиот апел се прошири низ социјалните мрежи.
„Ранет сум во Блесок како припадник на специјалната полиција, а денеска – 5 август 2020 година, јас ветеран, во Ветеранската болница во Пакрац, истата онаа која во 1992 година ја бранев, не смеам да бидам покрај својот болен син на педијатрија, туку кампирам пред болницата“, порача таткото Роберто.
„И додека некои од нив денеска слават што Бура им овозможи социјален статус, моќ и богатство, Роберто Матеш кој во неа учестувал, 29-тата годишнина од своето пристапување во одбра на Хрватска ќе ја помине во шатор покрај болницата во Пакрац“, стои во една од објавите на Фејсбук.
šimun (7 god) je u bolnici sam pa je tata digao šator ispred bolnice da se mogu čuti voki tokijem kad ga šimun treba 💔#BolesniASami pic.twitter.com/2giDLNJtzK
— Marija (@MarijaRenic) August 4, 2020
По низата реакции на социјалните мрежи и после 3 дена кампување во шаторот пред болницата тој е пуштен внатре, но излезе дека и тоа не е точно.
И самиот тој на својот Фејсбук профил објави дека во болницата бил пуштен само при вадењето на крв кај детото, и за тоа морал да се бори. Тоа траеше максимално пет минути, по што морал да излезе надвор.
Ова најверојатно му е последната ноќ во шаторот зошто неговиот син треба да го пуштат дома. Таткото вели дека нема ништо против болниците, но смета дека министерот за здравство треба да се позанимава со проблемите на грашаните.
„Јас утре ќе го тргнам шаторот, но шатор ќе никне на некое друго место. Ова мора да го истераме на чистина зошто ниту едно дете не смее да биде трауматизирано“, рече Матеш.