Реклама
Наши ѕвезди

Бали-бег реши да ја остави Неџла – причината за ваквата одлука ги разочара дамите, цела Турција во шoк кога се дозна за ова!

Реклама

Жените се уште го обожаваат познатиот актер

Фото: Принтскрин

Се погласно се шушка дека Бурак Озчивит и Фахрије Евџен решиле да стават крај на нивниот брак.

Како што наведуваат турските медиуми Бурак кој се прослави со улогата на Бали-бег во популарната серија Сулејман Величествениот не може никако да најде заеднички јазик со својата сопруга која пред нешто повеќе од година дена му го роди синот Каран.

Маркетинг

Од друга страна, Фахрије наводно паднала во депресија откако по тешко боледување животот го изгуби нејзиниот татко.

Фото: Принтскрин

Таа наводно не сакала да оди кај психолог, што ја советувал нејзиниот сопруг, па проблемите во нивниот однос почнале да се продлабочуваат. Посебно што Бурак речиси целосно ја преземал грижата околу нивното дете заради тешкиот период низ кој што поминува неговата сопругата.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Најголем проблем настанал токму околу воспитување на детето.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Како што пишуваат турските таблоиди, Бурак наводно немал повеќе сила да се бори со депресијата и несогласувањата со неговата сопруга Фахрије, па одлучил да побара развод што ја шокираше јавноста.

Но овие гласини досега никој од нив ги нема потврдено, а како што пренесуваат медиумите, сопругата на најпознатиот турски актер за да го спаси бракот, наводно решила да направи пауза од својата актерска кариера и максимално да му се посвети само на своето семејство.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

А дали ова ќе ги реши проблемите со кои се соочува нивната љубов или не, наскоро ќе дознаеме.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Нема среќа во љубовта?

Инаку, ова не му е прв пат на познатиот турски заводник да не му цветаат рози во љубовта. Пред да ја запознае Фахрие, Бали-бег беше лудо вљубен во една друга девојка која што му го скрши срцето. Во прашање е поранешната водителка на „Фешн ТВ“, убавата Џејлан Чапи.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит

Џејлан и Бурак беа повеќе години во врска, но во 2014 се разделија, а ден-денес точно не е познато зошто.

Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Да потсетиме, Бурак и Фахрие го добија малиот Каран во април минатата година, а пресреќниот татко веднаш отвори профил на Инстаграм за наследникот. Но тој така го предизвика гневот на јавноста и доби остри критики. Но и покрај тоа, малиот Каран успеа да собере преку 100.000 следбеници уште пред да се роди. Турските медиуми објавија дека Бали-бег бил цело време со својата сопруга за време на породувањето, а брачниот пар во меѓувреме стана и еден од најомилените славни парови во Турција, но и во регионот.

Во април оваа година малиот Каран го прослави својот прв роденден. Иако парот некое време го криеше од очите ја јавноста, тоа беше вистинскиот момент да го покажат пред светот. „Мој Каран. Твојата насмевка е најубавиот глас што сум го слушнала на светот, мирисот е најубав мирис што сум го почувствувала… Најсилно светло што некогаш сум го видела… Лицето ти е посветло од ѕвездите на небото и сонцето… Моја поларна ѕвездичке… Кога ми се смееш, во мене се расцутува цвеќе. Кога ќе се повредиш, се заглавуваш во моето срце… Ти покажа дека си моето срце. Моето срце. Каран, биди добар засекогаш. И знај дека сум на твојата страна на тој долг пат. Ништо никогаш порано не било поосмислено. Среќен ти роденден сине“, напиша тогаш гордата мама.

Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен

Поврзано

Back to top button