Реклама
Наши ѕвезди

Бали-бег и Неџла конечно го пронајдоа својот дом од соништата – еве како изгледа љубовното гнездо на познатиот турски пар

Реклама

Бали-бег ја исполнува секоја желба на својата сопруга Фахрије, а овој пат изнајми вила на четири ката!

Но дали турскиот пар навистина наскоро ќе се оствари во улога на родители како што пишуваат турските медиуми?

Маркетинг

Кога беа подготовките за свадба помеѓу Бали-бег од Сулејман Величествениот кој ги маѓепса сите жени на Балканот и Фахрије Евџен, односно Неџла од серијата Кога лисјата ќе паднат, во медиумите почна да се пишува дека заљубениот младоженец ги остварува сите желби на невестата.

Маркетинг

А по она што го направи деновиве, тоа дефинитивно се потврди, а со тоа уште еднаш ги освои срцата на жените.

Имено, откако се венчаа во јуни минатата година, парот се всели во станот на Фахрије поради што многумина се шегуваа на сметка на Бурак дека е домазет. Но овие денови актерот изнајми луксузна вила на четири ката со градина и базен во шумската област Бејкоз, на азиската страна, на која месечна кирија изнесува околу 6000 евра.

https://www.instagram.com/p/BlPt9BQAFue/?taken-by=evcenf

 

„Веќе долго време сонувам да имам вила со голема градина“, открива убавата Фахрије. „И Бурак ми приреди вистинско големо изненадување, тој без мое знаење изнајми вила за која сонував цел живот“ додава таа.

Парот веќе го подготвува својот нов дом, а бидејќи Фахрије оваа сезона не прифатила ниедна улога во турските серии, со големо уживање се посвети на оваа задача.

Многумина тврдат дека Бурак и Фахрије очекуваат бебе, па затоа и не штеделе за вила со градина, а шпекулациите ги предизвика и Бурак со изјавата дека Фахрије е нетрпелива да стане мајка. Сепак парот се уште ги нема потврдено информациите што се појавија во турските медиуми.

https://www.instagram.com/p/BZ1A_vUl_IN/?utm_source=ig_embed

Но од друга страна пак извори блиски до парот тврдат дек Фахрије чека да влезе во четврти месец од бременоста, па да ја известат јавноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button