Бали-бег и неговата бремена сопруга никогаш не биле посреќни – ТУРЧИНКАТА со својата последна објава го зaпaли Инстаграм!
Треба да се породи на почетокот од следната година…
Турските медиуми го следат секој чекор на бремената Фахрие Евџан, сопругата на Бурак Озчивит.
Познатиот турски пар откако соопшти дека повторно очекуваат принова ги воодушеви нивните бројни фанови.
Тие сега се интересираат за секој детаљ од нивниот живот, кој на еден начин може да се следи и од нивните објави на социјалните мрежи.
Имено, познатите актери и двајцата се поприлично активни и во виртуелниот свет, па преку нивните фотографии може да се види како напредува бременоста на Фахрие која со шармантниот Бали-бег веќе има еден син.
Таа на војот профил на социјалните мрежи сподели неколку фотографии на кои се гледа целото нејзино тело.
Фановите воодушевени од тоа што прв пат го гледаат и нејзиниот труднички стомак едногласно и порачаа дека изгледа прекрасно. Ова е нејзиното прво трудничко издание откако пред неколку месеци ги израдува сите со веста дека со својот сакан за неколку месеци ќе го прошират семејството.
Оваа вест пристигна некаде на почетокот на јули, така што избраничката на Бали-бег сега веќе е во петтиот месец.
Тие бебето го очекуваат некаде на почетокот од следната година, така што нејзиното стомаче сега веќе се познава.
Познатите турски актери пред три години го добија својот прв син Каран, а веста за приновата со која што ја израдуваа турската но и интернационалната јавност, ја дочекаа по прославата на петгодишнината од бракот.
Од фотографиите што убавата Турчинка ги објави можеме да видиме дека ужива во бременоста и дека блеска од среќа.
Инаку, за нив во изминатиов период често се пишуваше дека имаат проблеми во бракот, па затоа и веста дека очекуваат бебе ги изненади сите.
Како што пишуваа тогаш турските медиуми, проблемите наводно настанале откако Фахрие и нејзиниот син се разболеле од корона. Проблемот наводно ескалирал кога во една нивна расрпавија убавата актерка го дигнала гласот на свекрвата, а потоа си заминала од нивниот дом.
Но познатиот пар овие гласини ги демантираше и со своите објави покажа дека никогаш не биле посреќни.
Фахрие сега е во петтиот месец од бременоста, што значи дека постарото братче на Каран доаѓа некаде на почетокот од следната година.
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Фахрие Евџен
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит
Фото: Инстаграм/ Бурак Озчивит