Нови балетанки за новата пролетна сезона
Полека но сигурно се приближуваме кон крајот на зимската сезона (иако метеоролозите и не се баш согласуваат со ова!), па затоа треба да бидеме подготвени и за големи промени во нашите плакари. Наместо капути и чизми треба да ги извадиме и ставиме во дофат на рацете елегантните пролетни јакни и чевли, а меѓу нив секако и балетанките кои ни се едни од омилените во предниот период. Да, како се стоплува времето така и се намалува „должината“ на нашите обувки, а балетанките дефинитивно спаѓаат во вечните класици без кои не можеме и на кои постојано им се навраќаме.
Sezane
Што се однесува до трендовите, оваа сезона палетата бои е раскошна како ретко кога досега, а воодушевени сме и од новите материјали како сатен или сомот, како и од тренди деталите како камчиња, врвки, бисери и панделки со кои се зачинети новите модели за кои сме сигурни дека ќе го пронајдат своето место до вас. Да, тие покрај тоа што се неверојатно удобни за носење истовремено ќе ги „подигнат“ и вашите дневни или вечерни изданија, и што е најважно од сé, со нив едноставно не можете да погрешите.
Zara
Па погледнете ги најдобрите модели за оваа сезона од неколку познати брендови кои се хит и во Македонија и кои веќе можете да ги најдете во нивните продавници.
Zara
Zara
Weekend Max Mara
Weekend Max Mara
Uterque
Uterque
Sezane
Pull & Bear
Massimo Dutti
Mango
Chloe
Aldo
Aldo
Aldo