Бака Прасе плати 1.000.000 евра за нова ЛУКСУЗНА КУЌА на три ката – познатиот јутубер плива во парите што сам си ги заработува!
Само за средување на куќата ќе додаде 20.000 евра
Еден од најпопуларните јутјубери на Балканот, Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе пазареше наводно нова куќа во Белград за која платил милион евра.
Тој објави видео на кое се гледа како со пријателите ја разгледува куќата која што планира да ја среди по свој вкус.
„Куќата која што решив да ја купам е како мала зграда. Има три ката и тераса. Одамна планирам да се преселам, но никако не наоѓав некој простор, кој би ме задоволил и во кој ќе имам сé што би посакал“ вели тој и додаде:
„Малку штедев и на крај решив да потрошам милион евра. Тоа не се мали пари! Единственото што ми пречи е малиот двор, но не може да биде поголем, кога куќата зазема огромно место. На моите се уште не сум им кажал дека купив недвижнина, но се подготвувам да им кажам.“
„Тоа секако се мои пари, ништо ми нема паднато од небото“, изјави Богдан за српските медиуми.
Како што пренесуваат медиумите, Бака Прасе планира да ја опреми целата дневна соа со најдобра техника за видеоигри.
Бака прасе сака да прави журки во својата куќа, а обожава да игра видеоигри во слободното време.
Ангажираше човек што ќе му го среди ентериерот во новата куќа, а посебно ќе го среди дневниот престој. Заради тоа што сака да направи студио за видео игри. Во самото средување на куќата планира да потроши уште 20.000 евра, бидејќи мебелот е купен со куќата, пишуваат медиумите.
Инаку, ова не му е прв пат на познатиот јутубер да ја шокира својата публика со луксузот што го купува.
Тој пред само неколку месеци ги повика своите родители да го видат новиот стан со голем базен од кој тие беа фрапирани.
Тој во еден момент влезе во џакузито, па му се обрати на својот тако кој е свештеник во српската православна црква.
„Ова е џакузи тато, дојди да ме крстиш“, се шегуваше тој.
Богдан Илиќ (24) познат под прекарот Бака Прасе, пред неколку месеци објави дека се повлекува и дека повеќе нема да снима откако се најде во центарот на ск андал заради наводна афера со малолетна девојка. Тој тврди дека не е виновен, а неговата одлука да се повлече не траеше долго.
Тој по кратка пауза повторно се врати на својот канал на Јутјуб, а потоа и се почести со скапоцен подарок.
И тогаш веднаш се пофали како го купи автомобилот од марката Ламборџини Урис.
„Конечно го купив. Сиромашки, ама чесно“, напиша тогаш Богдан.
Претходно, пред нешто повеќе од половина година, тој се пофали и со ново Порше иако веќе имаше еден.
Но, тој досега има покажано и дека е голем хуманист, снимајќи неколку видеа во кои им даваше пари на оние на кои тоа им беше најпотребно во тие моменти.
Како што самиот вели за себе, започнал од нула, а сега има милиони и буквално плива во луксуз.
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе
Фото: Инстаграм/ Бака Прасе