Бака Прасе ги отвори вратите на својот пентхаус од 1.000.000 евра и ги ШОКИРАШЕ сите: „Ало, сиромаштијо, не можете ни во мојод двор!“
Одвај дочека да се пофали…
Познатиот јутубер Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се пофали со својот нов стан во елитен дел од Белград.
Како што самиот откри, тој за оваа своја луксузна недвижнина платил милион евра, а објави видео снимено во негов фазон.
„Ало, сиромаштијо, не можете во мојот двор. Дворот е бомба, обезбедувањето лудило, сé е покриено со камери“, порача тој во неговото последно видео.
Јутуберот во видеото покажа како изгледа новиот дом од 200 метри квадратни во зграда која има приватна теретана, базен и огромен двор.
Станот покрај огромната дневна соба, кујната и двата балкони, поседува три спални соби и три тоалети.
Речиси од секоја просторија се нуди нереален поглед на реката, а како што објасни Богдан, од спалната ќе направи работна просторија.
Како што изјави порано, за станот вкупно платил 1700.000 евра, а само за ентериер преку 700.0000 евра.
„Се работеше, нема да се срамам од тоа што напорно работев и заработив за овој стан. Еве кажете ми сега дека станот е лудило… Па, да, затоа и чини 1.700.000 евра“, изјави порано популарниот балкански Јутубер.
Тој во својот клип на Јутјуб ја сними внатрешноста на станот, а со него беше и неговата девојка Ања Бла, која одвај дочека да се фрли во креветот и да ужива во неверојатниот поглед што се пружа низ прозорите.
Како изгледа новиот луксузен дом на познатиот јутубер, погледнете во галеријата што следува по текстот:
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе
Фото: Принтскрин/ Бака Прасе