Во последно време многу често на интернет можеме да прочитаме ужасни и тажни приказни за напуштени и гладни животни. Но за среќа се уште има луѓе кои од сé срце се обидуваат да им помогнат на таквите суштества. Бабичката во оваа приказна сакаше да направи добро дело, но откако нејзиниот сопруг почина, работите тргнаа по удолница.
Имено, таа мораше да се грижи за единаесет кучиња, но поради немаштија можеше да ги храни само со стар леб. Нејзините соседи се јавија во локалниот азил чии волонтери ја презедоа работата во свои раце. Се покажа дека бабичката останала да живее во оваа куќа само заради кучињата, иако имаше стан во градот каде што требаше да се пресели.
И беше жал да ги остави да умрат, а не знаеше на кого да се обрати. Најпрво ги однесоа кутрињата што беа во полоша состојба, додека останатите ги хранеа и се грижеа за нив на имотот на бабата. Се погрижија и бабичката да се пресели во својот стан, и речиси на сите кучиња им најдоа постојан дом. Оние што останаа сè уште не се подготвени за вдомување бидејќи не се социјализирани, но од засолништето велат дека се убедени дека по дрсурата и правилната нега и тие ќе бидат подготвени за новиот дом.