Реклама
Новости

Бабичка од Русија го запали интернетот – Љубов (72) со своите лизгалки го „прелетува“ езерото и кога „пингвините паѓаат во несвест“

Реклама

Замислете дека треба да го поминете сибирското Бајкалско Езеро со лизгалки?

Очигледно дека тоа не преставува никаков проблем за оваа бабичка која живее на бреговите на Бајкалското Езеро.

Маркетинг

Имено, Љубов Мореходова е од Русија и има 72 години. Таа стана хит на интернетот поради нешто што за неа е сосема вообичаено. Живее на бреговите на Бајкалското Езеро каде што до некои места преку зима може да пристигне само преку мраз, па затоа целиот свој живот се лизга. Старите лизгалки се врзуваат за традиционалните чизми.

Маркетинг

„Овие мои лизгалки ги користам во последните 43 години. Можете ли да замислите? Ете како некогаш ги правеле. Гледате ли колку издржаа?! “, вели оваа симпатичка бабичка, очигледно горда на своите чесни предци кои не знаеле за „фалш“, па кога нешто правеле, тоа трае со децении.

Одењето пешки, но и со лизгалки на долги патеки не преставува никаков проблем за неа. Љубов излегува на мразот и се лизга и кога температурите се такви што и пингвините паѓаат во несвест од студот.

Но како што вели оваа симпатична бабичка, тоа и ја ублажува болката во грбот.

Па, големо БРАВО за оваа бабичка. БРАВО!

Фото: Facebok/Росси́я – Российская Федерация – Russia

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button