Реклама
Наши ѕвезди

Баба Цеца на својот внук му купи нешто што нема никој на Балканот – преубавиот подарок е направен од злато и чини цело богатство

Реклама

Во прашање е единствено и уникатно креветче за мало дете кое е позлатено и вреди цело богатство.

Направена е по посебни мерки, анатомски правила и материјали кои се благопријатни за здравјето на детето.

Маркетинг

Богдана, сопругата на Вељко Ражнатовиќ, се породи вчера со царски рез во една приватна болница во Белград.

Таа роди машко дете на кое му го дадоа името Жељко, по неговиот дедо Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Маркетинг

Малиот Аркан од докторите веднаш беше оценет со десетка, а во болницата Вељко цело време беше покрај својата сакана.

Како што пренесуваат српските медиуми, фолк пејачката Цеца веќе со месеци се подготвува за доаѓањето на своето внуче. Таа со подготовките започна веднаш откако дозна дека ќе стане баба, а уште во декември минатата година кога дозна дека Богдана е бремена, смисли единствен и уникатен подарок кој во вилата на Ражнатовиќ го чека малиот Жељко.

Во прашање е единствена и уникатна колевка за бебе, која Цеца ја порача од странство, од познат дизајнерски бренд.

Бидејќи во прашање е рачна изработка, ваквото задоволство и скапо чини, но Цеца не штеди кога е внучето во прашање.

Таа за оваа колевка која е направена од посебни материјали и со посебни мерки потрошила неколку илјади евра.

Креветчето е потполно анатомски прилагодено за бебето, а како што пишуваат медиумите, ногарките, конструкцијата и плочката на која стои изгравирано името на најмладиот член во семејството се направени од позлата. Од друга страна душекот и останатиот дел се направени од природни материјали, кои се рачно шиени, и по желба на Цеца, се во кралска сина боја.

Инаку, целото семејство Ражнатовиќ вчера имаа бурен ден. Откако во утринските часови дознаа дека Богдана се породила, тие не престанаа со прославата. Трубачите го следат Вељко уште од породилиштето, а семејната забава продолжи во вилата на Дедиње, исто така со трубачи. Вистинската фешта започна вечерта, кога пристигнаа бројни пријатели на семејството за да го прослават раѓањето на малиот Жељко Ражнатовиќ.

Фото: Инстаграм

Поврзано

Back to top button