Баба со Алцхајмерова болест се изгуби и можеше да смрзне поради ниските температури – во последен миг ја спаси кучето Каспер
Како што велат локалните жители на Сукошан во Хрватска, вистинско чудо е што 80-годишната бабичка воопшто ја преживеала ноќта, ако го земеме во предвид фактот дека температурите беа околу нулата.
„Мојата свекрва Марица утрово ја најдоа спасителите околу 10 часот. Сите сме среќни, бидејќи сето тоа заврши добро и само што тргнавме да ја видиме во болница. Важно е дека е жива и здрава“, изјави за порталот 24 Сата.хр импресионираната Сузан Павиќ, ќерката на 80-годишниот Марица која исчезна претходната ноќ во близина на Задар.
Марица боледува од Алцхајмерова болест, а во вторникот околу 14 часа од нејзиниот дом заминала во непознатото.
Потоа, во нејзиното семејство настанало паника. Вестите во цело Сукошан се рашириле со молскавична брзина, и во потрагата беа вклучени стотици локални жители, ловци, пожарникари, полицајци и 12 спасувачи кои дојдоа со две специјално обучени кучиња. Потрагата траеше цела ноќ, а потоа продолжи и во утринските часови.
Кучињата кои беа вклучени во потрагата дресирани се да намирисаат лице кое не се движи и лежи, па тогаш почнуваат да лаат и на тој начин го повикуваат водачот. Така нивното куче Каспер околу 10 часот ја нашол премрзнатата Марица, а доколку потрагата потраела само уште некое време, голема ќе беше веројатноста да ја пронајдат смрзната.