Баба од 103 години добила коронавирус, расплетот на нејзиниот случај ги шокираше лекарите
Жена од 103 години е излечена од новиот корона вирус во Иран, објави ноќеска државната агенција Ирна.
Жената е хоспитализирана во градот Семнан, околу 180 километри источно од Техеран, извести агенцијата, не наведувајќи го името на тоа лице.
Повикувајќи се на директорот на Универзитетскиот здравствен центар на Семнан, Навид Данајил, агенцијата наведува дека на жената „и е дозволено да на напушти болницата бидејќи целосно се опоравила“.
Според иранската агенција, станува збор за втор пациент кој е во длабока старост, а кој е излечен. Ирна наведува случај на маж од Креман, на југоистокот на Иран кој на 92. година преживеал вирусно воспаление на белите дробови иако веќе имал проблеми со хипертензија и астма.
Иранската агенција не го наведува третманот со кој овие пациенти се опоравиле.