Реклама
Вирално

Баба мора да ги избрише од Фејсбук фотографиите од своите внуци и да плати голема оштета

Реклама

Судот во Холандија донесе пресуда со која на една жена и наложи да ги избрише сите фотографии од своите внуци кои на Фејсбук и Пинтерест ги објавила без дозвола од родителите.

(Photo Illustration by Justin Sullivan/Getty Images)

Случајот заврши на суд откако двете жени, мајка и ќерка мирно не се договори за решавање на проблемот.

Судијата одлуката ја донесе според регултивата на ЕУ за општа заштита на личните податоци.

Маркетинг

Еден експерт рече дека пресудата „е во согласност со позицијата на Европскиот суд заземена пред многу години“.

Случајот дојде во судница откако жената одби да ги избрише фотографиите од своите внуци што ги објавила на социјалните медиуми.

Маркетинг

Мајката на децата го побарала тоа од повеќе пати, но не се случило бришење на спорните фотографии. Старицата во тој момент не била свесна дека преку социјалните медиуми личните фотографии од семејството се достапни на поширока публика и може да се злоупотребуваат на многу начини.

Сега бабата мора да ги отстрани фотографиите или да плати казна од 50 евра за секој ден што не ја почитувала одлуката, но максимум до 1.000 евра.

Доколку постира уште фотографии од децата во иднина, ќе мора да плати по 50 евра дневно.

„Мислам дека одлуката ќе изненади многу луѓе кои не размислуваат многу пред да твитнат или постираат фотографии“, вели адвокатот Нил Браун.

„Без оглед на правната позиција, ќе биде разумно за луѓето кои постирале фотографии да размислат дека можеби некој друг не ги сака тие фотографии да бидат закачени на социјалните мрежи“, вели адвокатот и додава:

„Всушност, разумна работа – човечки што треба да се направи – е да се симнат“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button