Реклама
Наши ѕвезди

Ајде да се сакаме! Како се запознаа Брена и Боба?

Реклама

Детали кои не сме ги знаеле!

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

Југословенската ѕвезда Лепа Брена и некогашниот тенисер Боба Живојиновиќ се запознале пред речиси триесет години во времето на нивната најголема слава.

Парот својата прва средба ја опишува како судбинска и вели дека веднаш започнале љубовна врска, која после четири години ја крунисале со брак.

Маркетинг
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

Интересот за нивната љубов бил толку голем што снимката од нивната свадба се нашла дури и на продажба на касети. Брена и Боба имаат две деца, а пејачката го прифати како свој неговиот син од првиот брак.

Во тоа време, Боба важел за згоден фраер, а Брена била луда по него. Тие се запознале на примиерата на филмот „Хајде да се волимо“.

Маркетинг
ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

Боба Жиовиновиќ во едно интервју за српските медиуми изјавил дека и двајцата се силни луѓе и дека сите предизвици во животот ги поднеле со разбирање и компромис.

– Поминавме низ сè во животот и имавме две сосема различни кариери кои немаат врска една со друга. Имав турнири низ целиот свет, а таа имаше концерти низ целиот Балкан.

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

Најголемиот успех беше што преживеавме во такви околности, но тоа е љубовта и чувството дека овој партнер е само за тебе, и дека е вистинскиот.

Истата вечер кога ја запознав, реков дека ќе се оженам за неа, и тоа и се случи. После тоа, дојдоа децата и семејство. Тоа е круната на нашиот успех.

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

Со Стефан, Виктор, Филип и сега со снаата Александра и внукот, знаеме дека ова заедништво е најдоброто нешто што постои. Ние како семејство се грижиме, го цениме и го сакаме нашето заедништво.

И денес нивната љубов е иста како и првиот ден.

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

– И денес продолжува нашата голема љубов и сето она што го почувствувавме во моментот кога се видовме.

Нашата вљубеност денес е прекрасна. Не знам колку луѓе можат да се пофалат со она што го имам јас: годините зад мене и Брена не се важни затоа што љубовта никогаш не може да умре ако е вистинска и се одржува на добар начин, рекол Боба за својата сопруга Лепа Брена

 

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

ФОТО: Лепа Брена / Инстаграм

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button