Реклама
Вирално

АЈДЕ ДА ПОМОГНЕМЕ ОВА ДЕТЕ ДА ОЗДРАВИ – ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ, НЕГОВАТА СУДБИНА Е ВО НАШИ РАЦЕ!

Надежта за подобрување на здравјето на малиот Алексеј лежи во терапијата со матични клетки која за жал не може да се направи во нашите здравствени институции

Реклама

Сега сме му најпотребни на малиот Алексеј – ајде, сите заедно, сплотено да му помогнеме, кој колку може…

Малиот Алексеј Ивановски има само три години и му е дијагностицирана ретка болест која предизвикува недостаток на кислород во мозокот со што се создава голем ризик од сериозни последици и смрт.

Решението за болеста на ова тригодишно детенце е пресадување на матични клетки, но за жал оваа интервенција не може да се направи во нашите здравствени институции.

Маркетинг

Од овие причини неговото лечење мора да продолжи во Истанбул, но за ова се потребни 19.000 евра, средства кои семејството на малиот Алексеј моментално ги нема, па затоа потребна им е помош.

Маркетинг
Фото: Гламур.мк

Во хуманитарната акција за собирање помош за малиот Алексеј се вклучи и градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Фото: Фејсбук/ Орце Ѓорѓиевски

Тој најави дека ќе организира акција во рамките на фестивалот на инклузија и ги повика граѓаните да се придружат на акцијата за собирање средства з лекување на малиот Алексеј.

Градоначалникот се огласи на социјалните мрежи и со емотивни зборови ги повика граѓаните во има на хуманоста и добринара да се сплотат сите заедно и на фестивалот на инклузија која ќе трае во следните три дена, каде ќе бидат поставени кутии, да донираат кој колку може, како на ова детенце би му овозможиле безгрижно детство.

Фото: Инстаграм/ Фондација Марко Божиновски

Како да му помогнеме на Алексеј

Хуманите луѓе што сакаат да му помогнат на Алексеј можат тоа да го направат со јавување на телефонски броеви или со уплата на сметка.

Број за донации за корисниците на А1:

143 476

Број за донации за корисниците на Телеком:

143 132

Достапна е и донаторска сметка:

250500025372085 SPARKASSE
АЛЕКСЕЈ АНАСТАСОВСКИ

Девизна сметка:

IBAN-MK07250780007344136
SWIFT-INSBMK22, SPARKASSE

Средства за донација можат да се уплатат и преку „Gofundme“ каде веќе има собрано преку 7000 евра, и тоа преку следниот линк:

Линк до Gofundme тука >>

Фото: Инстаграм/ Фондација Марко Божиновски

Па, хумани луѓе, да му помогнеме на малиот Алексеј да има безгрижно детство како и сите останати дечиња. Истовремено, ве замолуваме и да го споделите овој текст на социјалните мрежи, како истиот би стигнал до што поголем број на хумани луѓе, кои исто така би можеле да помогнат. Да покажеме уште еднаш дека нашиот народ е хуман и да му овозможиме на овој мал херој да го продолжи своето лекување.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button