Реклама
Холивуд

Ах, каква фризура! Еве како изгледаше големиот заводник Бред Пит како средношколец

Реклама

Бред Пит пред два дена го прослави 55-от роденден.

Познатиот американски актер е роден на 18 декември 1963 година во Оклахома. Неговото конзервативно семејство се преселило во Мисури, каде што Бред одеше во средното училиште Кикапо. Во тоа време играше голф и тенис, и тренираше пливање, па никој не претпоставуваше дека наскоро ќе биде „заразен” со глума. Обожаваше филмови кои, како што самиот вели, за него биле прозорец кон друг свет.

Маркетинг

По средното образование се запиша на новинарство и рекламирање. Но никогаш не ги заврши студиите бидејќи решил да се пресели во Лос Анџелес и да започне со часови по глума. Првите деби улоги ги оствари во 1987 година во филмовите „No Way Out”, „No Man’s Land” и „Less Than Zero” но тие беа толку мали и безначајни улоги, што неговото име на крајот не беше ни на одјавната шпица.

Маркетинг

Набргу ќе го оствари и своето телевизиско деби во сапуницата „Another World”, а неговото прво поголемо достигнување го постигнува со улогата во серијата „Далас“. Тоа беше почеток на неговата успешна кариера која трае до денес.

Оние кои се сеќаваат на него од училишните денови не можеа ни да претпостават дека Бред Пит еден ден ќе стане толку голема ѕвезда, а меѓу нив беше и неговата средношколска љубов Сара Харт. „Никогаш не мислев дека ќе стане она што е денес. Нашата врска беше прекрасна. Моите деца и денес знаат да ги гледаат фотографиите од нашиот матурски танц за да се фалат наоколу“, изјави таа во една пригода.

На овие фотографии, Бред е речиси непрепознатлив. Се разбира, украсен е со „шик“ фризура која и не му стоеше баш најдобро, но во тоа време беше незаменлива.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button