Реклама
Наши ѕвезди

Ах братче, Бог да ти ги отвори рајските порти – тажни и емотивни зборови за Даки што ќе ве расплачат

Нашиот познат фолк-пејач што прерано замина зад себе остави малолетен син

Реклама

Пејачот Далибор Даки Ѓошиќ почина на 41 годишна возраст

Бројни музичари се збогуваа преку социјалните мрежи од саканиот колега и испратија сочувство до семејството на младиот пејач.

Пејачот Далибор Ѓошиќ беше познат и по своите настапи со ансамблот „Танец“ со кои настапуваше низ целата земја, но и во странство.

Маркетинг

Тој во НУ „Танец“ работеше како солист од 2007 година, а неговите колеги со неверување ја примија тажната вест.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Драгица Стефковска Дракче

Пејачот зад себе го остави синот Стефан со кого заедно го сними спотот за песната „Животе мој“ и кој веќе тргна по стапките на својот татко.

Далибор или Даки како што колегите и пријателите милуваа да го викаат зад себе остави и голем број негови фолк-песни, а незаборавни ќе останат и неговите преработки на старите македонски песни во етно стил. Неговите генијални и безвременски интерпретации на новосоздадени и изворни песни во народен дух, засекогаш ќе останат во аналите на македонска народна музика.

Фото: Фејсбук/ Анита Даева

По жалната вест дека Даки почина што преку социјалните мрежи ја соопштија неговите колеги од „Танец“ бројни пејачи и пејачки се збогуваа од него и изразија сочувство до семејството.

Познатиот фолк-пејач ќе остане запаметен по неговите песни „Животе мој“, „Плачи, плачи“, „За љубов створени“, „Око мое бисерно“, а ќе останат незаборавни и неговите изведби на познатите македонски народни песни „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.

Фото: Принтскрин/ Пинк ѕвезди

Инаку, Даки пред десетина години се појави и во музичкото шоу „Пинк ѕвезди“ кога со својот феноменален глас ги изненади сите.

Фото: Принтскрин/ Пинк ѕвезди

Тогаш во жирито беше и Светлана Цеца Ражнатовиќ која беше воодушевена од настапот на нашиот пејач.

Како изгледаше овој настап на нашиот пејач кој прерано не напушти и кој целиот свој животен и професионален пат го посвети на музиката, како и спотот за песната„ Животе мој“ во која Далибор се појавува заедно со својот малолетен син Стефан за кого длабоко од душа посакуваше да тргне по неговите стапки, погледнете и потсетете се од видеата што се објавени во рамките на овој текст.

Фото: Фејсбук/ Лени Партикова

А на Даки, „Бог нека му ги отвори рајските порти и таму со своето златно грло нека им пее на ангелите“, како што напиша неговата колешка Лени Партикова, која со емотивна објава преку социјалните мрежи изрази зборови на сочувство до семејството.

„Зар вака требаше да заминеш рано, ах братче. Слава до висините да ти ги отвори Бог рајските порти и да им пееш таму на ангелите, грло златно. Сочувство до семејството да ви даде Господ сила да ја издржите оваа болка и тага. Почивај во мир Далибор Даки Ѓошиќ“, напиша Лени на својот профил на Фејсбук.

Фото: Фејсбук/ Лени Партикова

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Фото: Фејсбук/ Далибор Даки Ѓошиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button