Турската серија „Кога лисјата паѓаат“ беше една од најгледаните серии на овие простори.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Али Риза беше главата на семејството Текин, а гледачите сигурно ги паметат сестрите Лејла и Неџла, како и нивниот брат Шевкет…
фото инстаграм/Дениз Чакир
Меѓу нив беше и злобната Ферхунде, снаата на Али Риза, со која често имаше интригантни односи.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Додека Али Риза и Ферхунде во серијата имаа лоши односи и речиси секогаш беа во судир, сепак во приватниот живот беше поинаку.
За нивната врска пишуваа многу турски медиуми, а љубовниот живот на Дениз Чакир има повеќе заплети дури и од најдобрата турска серија.
Како што пишуваа медиумите наводно актерите Халил Ергун и Дениз Чакир тогаш биле многу интимни, па се шпекулираше дека биле дури и во тајна љубовна врска.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Тој тогаш имал 65, а таа 29 а разликата од 36 години не била пречка за нивното пријателство кое очигледно прераснало во нешто повеќе.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Серијата се снимаше четири години, од 2006 до 2010 година, а приказната за нивната врска започна кога двајцата се пофалија, ги истакнаа успесите на другиот, а медиумите го следеа примерот, според големата популарност на серијата.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Уште тогаш се издвојуваа од останатиот дел од тимот, разговараа, се шегуваа и се дружеа, а се пишуваше и дека има фотографии на кои се гледа како одат во кино, на вечера, каде тој ја бакнувал за раката…
фото инстаграм/Дениз Чакир
Дениз тогаш изјави дека и се допаѓа Халил и не криеше дека многу го почитува.
– Овде во Истанбул сум осамена, бидејќи моето семејство и пријателите се во Анкара. Пријателството со Халил е најубавото нешто што ми се случило. Со него можам да уживам во се, и не ми е гајле што мислат другите – изјави еднаш убавата Дениз.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Халил во една прилика призна дека има многу заеднички нешта со младата Дениз но нивната врска е на „пријателска основа“.
Халил и Дениз продолжија да се дружат и по завршувањето на снимањето на серијата.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Новинарите пишуваа за една средба кај пријатели блиски до нив каде, добродушниот Али Риза од серијата испил „чаша повеќе“ и за малку ќе паднел додека излегувале од ресторанот, но Дениз и нивниот пријател успеале да го доведат до автомобилот.
фото инстаграм/Дениз Чакир
Тие двајца никогаш не признале што навистина се случува меѓу нив, но ретко кој верува дека тоа било само чисто пријателство…
фото инстаграм/Дениз Чакир