Стил

Ау, нашата водителка никогаш не била поубава – цела Македонија гледа и не трепка, кукла вистинска

Елегантно и провокативно во исто време

Advertisement

Водителката во уште едно хит издание

Познатата водителка, Милена Антовска-Станковска, објави неколку фотографии со кoи што повторно ги воодушеви сите.

Advertisement

Таа овој пат позираше во кус розов фустан со кој ги истакна нозете во предел план, а еден детаљ посебно привлече внимание.

Имено, Милена позираше седната на столчето, со прекрстени нозе, така што во ова издание и заради должината на фустанот водителката изгледаше провокативно и елегантно во исто време.

Advertisement
Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска

Но кога стана од столчето таа ги воодушеви и припадничките на понежниот пол со детаљот со кој беше украсен фустанот.

Станува збор за детаљот со пердуви на здолништето кои дополнително ги ставија убавите нозе на водителката во преден план.

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска

Таа целото издание го закружи со бело сако и бели високи потпетици, додека на вратот носеше бели бисери и црвен кармин на усните.

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска

Милена позираше насмеана и расположена, а од бројот на лајкови и коментари што ги доби под фотографиите што ги сподели на својот Инстаграм, можеме да заклучиме дека ова издание многу им се допадна на нејзините следбеници на оваа социјална мрежа.

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска

„Дама со стил и вкус“, „Убавицата Милена“, „Кукла“, беа само некои од нив и сите се согласни дека изгледа прекрасно.

Во продолжение погледнете уште едно „пинк“ издание на Милена…

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска

Фото: Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button