Реклама
Наши ѕвезди

Атиџе од „Медена Земја“ празникот Рамазан Бајрам го помина сама, во трошната куќа – но тоа не е најтажното што ќе го прочитате

Реклама

Таа вчера големиот муслимански празник го помина сама, во нејзиното село Бекирлија кое го прослави со документарецот.

Принтскрин

Како што вели за „ММС“, за празникот купила копани, нешто благо, сок и кафе, и празникот го поминала скромн0.

Неодамна вест за Атиџе објави и телевизија Алфа според кои главната хероина од документарецот кој годинава беше големо изненадување на Оскарите не добила ништо од ветувањата на градоначалникот на Лозово. Карантинот го поминува претежно сама, во старата трошна куќа во која порано живееше со својата мајка, а разочарана е што не и се сите пчели на број.

Маркетинг

Како што вели таа за ММС, дваесет нови трмки, во кои требало да се населат пчели биле скршени, а две од постарите, во кои веќе живееле пчели, некој и ги украл. И како што вели таа, не се плаши од короната, туку од лошото во луѓето, кои везден сакаат да му наштетат на другиот.

Принтскрин

Победи, и без Оскар

И покрај тоа што нашата екипа не се врати во Македонија со најпознатата статуетка во филмската индустрија, тие сепак се победници. Посебно Атиџе. Победници на 92 доделување на Оскарите каде на сцената во театарот Долби во Холивуд насловот на документарецот беше два пати прочитан – во трката за најдобар документарец и најдобар странски филм. И тоа е прв пат во историјата на Академијата еден филм да биде номиниран во овие две категории.

Маркетинг

На црвениот килим се прошета и главната протагонистка Атиџе Муратова, која тогаш од Лос Анџелес ќе изјави:

„Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други.“

Трошната куќа на Атиџе

Но очигледно дека нејзината порака и покрај тоа што стигна далеку, тука кај нас ретко кој ја слушна. Таа остана сама, разочарана од празните ветувања што ги доби од многумина, но и со проблеми што заради славата сега како никогаш порано и ги уништуваат пчелите.

За време на Оскарите новинарите беа импресионирани од нејзината појава и сите ја бараа на црвениот килим, но и многу познати актери кои сакаа да се запознаат и фотографираат со неа. Како изгледаше таа тогаш во креација на Тања Кокев погледнете во продолжение, но и потсетете се на нејзините зборови кои не смееме да ги заборавиме.

Приватна архива

Нејзината порака половина од медот да се земе, а половина да се остави за пчелите е универзална порака како треба да се однесуваме кон природата, доколку не сакаме да бидеме казнети од неа. „Во спротивно можеме да стигнеме до амбисот, за да ја научиме лекцијата“, вели Георгиев.

Па, ова што ни се случува со короната, можеби е знак и дека сме многу блиску до амбисот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button