Атина и Ника се убавици, но чекајте да ја видите и мама – „распука“ ИНСТАГРАМ од ова опacно издание на Јелена Карлеуша
Фановите во шок како од тоа како изгледа пејачката така и од цената на модните додатоци…
Поп дивата Јелена Карлеуша ги распамети сите со својот изглед облечена во портокалово од глава до пети.
Пејачката носеше портокалова комбинација, а во центарот на вниманието беше ејзиното беспрекорно тело.
Карлеуша ова издание го заокружи со Версаче сандали и чанта во иста портокалова нијанса со цени од кои може да ве заболи глава.
Имено, контроверзната пејачка само за минијатурната чантичка потрошила нешто повеќе од 1000 евра, а за сандалите 990 евра, што значи вкупно преку 2000 евра.
Инаку Карлеуша по ова издание со кое направи хаос на социјалните мрежи, објави и една заедничка фотографија со ќерките.
Таа заедно со нив позираше во автомобилот, а многумина коментираа дека Атина пораснала во вистинска убавица.
Според многумина Атина многу потсетува на својата мајка, а фановите се воодушевени и од нејзината сестра.
„Преубава мајка и нејзините ќерки“, „Прекрасни сте“, „Атина е преубава“, “Ника е прекрасна“ и порачаа фановите.
Инаку, Атина и Ника деновиве се вратија од патувањето во Турција каде што беа заедно со нивниот татко Душко.
Тие беа сместени во луксузен хотел со кралски соби, тераси со џакузи, девет тематски ресторани и базени на сите катови. Сместувањето во таквиот луксузен хотел за 10 дена фудбалерот го чинеше измеѓу 10.773 и 17.795 евра.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Во продолжение погледнете уште неколку гламурозни и сензационални изданија на познатата пејачка.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша