Реклама
Култура[тор]

„Архангел“ и „Галија“ ќе го отворат Вевчанскиот карневал

Реклама

Рок групите „Архангел“ и „ Галија“, како и познати диџеи ќе бидат дел од програмата на Вевчанскиот карневал што ќе се одржи од 12 до 14 јануари во Вевчани.

Во рамки на карневалската манифестација градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски открива дека на 12 јануари предвидено е културно уметничка работилница и настап на македонската рок група „Архангел“ и српска „Галија“, а во ноќните часови присутните ќе ги забавува познат ди – џеј.

На Стара Нова година вевчанци и посетителите ќе ги забавуваат „Кате и Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и оркестар со зурли и тапани.

Маркетинг

– Подготовките се во тек, а деталите околу организацијата на Вечанскиот карневал ќе бидат соопштени на прес-конференција в петок – изјави Јанкоски.

Карневалот е вековна традиција во Вевчани, а вевчанци ќе кажат се, но до карневалското дефиле маските ги чуваат во тајност.

Маркетинг

Карневалот почнува со традиционално карневалско дефиле под маски напладне на 13 јануари, а следниот ден маските се палат во центарот на Вевчани, со што завршува манифестацијата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button