Реклама
Наши ѕвезди

Аркан сакал да се РАЗВЕДЕ заради оваа колешка на Цеца – фановите „шокирани“ кога дознаа која е жената што му го освоила срцето

Реклама

За оваа љубовна приказна не се знае многу

Фото: Принтскрин

Пред да заплови во романсата со фолк-дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ, Жељко Ражнатовиќ Аркан беше во емотивна врска со една друга позната пејачка. Во прашање е нејзината хрватска колешка Дорис Драговиќ.

Тоа беше врска заснована на cтpacт, посебно кога станува збор за Аркан, велеше своевремено извор близок до него.

Маркетинг

Наводно Дорис била „до уши“ вљубена во него. Тие наводно биле на чекор да застанат и на лудиот камен, а Жељко уште тогаш почнал да размислува за развод од тогашната сопруга Наталија, пишува „Информер“.

Пејачката и Жељко криеја дека се во врска, но сепак излегуваа заедно и тоа во најелитните клубови во тоа време.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тоа го потврди и познатиот естраден менаџер Влада Перовиќ, кој често ги гледаше заедно.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но тие едноставно немале среќа.

Проблемите во старата Југославија се уште не почнаа, но веќе имаше тензија, па за неа како девојка од Сплит не беше баш наједноставно да биде во врска со Жељко, кој беше главен на навивачката екипа на Ѕвезда. Аркан често ја наговараше да се пресели од Сплит во Белград, но таа му одговараше дека ќе го направи тоа штом ќе се разведе од Наталија, пишуваат српските медиуми и додаваат дека тие наводно ја прекинале врската откако Жељко во 1990 година бил уапсен, а Хрватска прогласила независност.

Потоа Дорис се омажила за ватерполистот Марио Будимир и го роди синот Борна, а Жељко во 1993 година ќе ја запознае пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и по две години ќе се ожени со неа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тој наводно и пред Цеца понекогаш ќе ја спомнал Дорис, шегувајќи се дека била чудо во креветот, што многу ја нервирало неговата нова девојка. Но како што вели изворот, на сите им било јасно дека Аркан многу повеќе ја сакал Цеца отколку што некогаш ја сакал нејзината колешка.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Од друга страна Дорис никогаш не одговорила на прашањата за Аркан, нити за деталите од нивната врска.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Таа до денес ги нема негирано, но ни потврдено гласините дека биле заедно, а нема одговорено ни на прашањето дали нивната врска би завршила со брак доколку не се случи она што се случи со поранешна Југославија.

Фото: Инстаграм/ Дорис Драговиќ
Фото: Инстаграм/ Дорис Драговиќ
Фото: Инстаграм/ Дорис Драговиќ
Фото: Инстаграм/ Дорис Драговиќ
Фото: Инстаграм/ Дорис Драговиќ

Поврзано

Back to top button