„Април е поубав со тебе“ – Калиопи ужива со оваа личност, нивната љубов е нераскинлива
Глетка која ќе ве остави без зборови.

Македонската дива уживаше на Водно, со најважната жена во нејзиниот живот.
Калиопи важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Таа е доста позната на екс-југословенските простори каде врвот на кариерата го достигна во осумдесеттите.
Кај нас често е нарекувана поп-дива или кралица на македонската поп-музика.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Калиопи е родена на 28 декември 1966 година во Охрид, а детството го поминала во Кичево. Татко ѝ е со влашко, а мајка ѝ со македонско потекло, но Калиопи не го зборува влашкиот јазик.
Многу е активна на социјалните мрежи и честопати знае да сподели фотографии со нејзините најблиски.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Како што поминуваат годините Калиопи сѐ повеќе личи на својата мајка.
Доказ за тоа е најновото видео кое дивата го сподели на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм / Калиопи
Заедно со својата мајка Калиопи уживаше на видиковец на Водно.
„Април е поубав со тебе мамо, а животот е многу повреден! Те сакам“, напиша Калиопи во опис на видеото.