Реклама
Вирално

Апел од братството во Лесновскиот манастир за учество на поворката посветена на традиционалните семејни вредности

Реклама

Затоа, не треба да се плашиме од тоа што ќе кажат ближните, што ќе каже светот, оти сета оваа џендер (родова) идеологија е дело на сатаната, сето ова е дело на страшен психолошки, морален и медиумски притисок, бидејќи колку повеќе нѐ клукаат по главата дека сето тоа е нормално, природно и од Бога дадено со самото раѓање, толку повеќе и умовите и срцата и душите на нашите најмлади, на нашите деца се изопачуваат, се менуваат и тие тоа го прифаќаат, веруваат во тоа и на крај ќе се соочиме со ситуацијата нашите деца или да застранат од верата или да застранат со некаков крајно изопачен морал.

Возљубени христијани, драги браќа и сестри,

Маркетинг

Денеска веќе и кај нас, особено во последниве години, сѐ повеќе се засилува пропагандата на некакви идеологии и учења, што не само што не се христијански, не се ниту морални, не се ниту нешто што нашиот православен ум може да го сфати и да го прими во себе. Затоа, мора сите да се освестиме и да бидеме будни, бидејќи се одвива страшна духовна војна против Православието и православниот дух, особено во православните земји. Се промовираат вредности и норми, кои и те како ги повредуваат нашите христијански чувства, бескрупулозно се хули на Бога, се ругаат и исмеваат христијанските светињи, се унижуваат вековните морални и семејни начала на нашиот благочестив христијански народ, и сето тоа ние треба мирно да го примиме во името на некакви човекови права и слободи или во името на некаква современа модерна уметност.

Па каде се тука нашите христијански права? Па зарем ние никогаш и поради ништо не треба да се чувствуваме крајно повредени, понижени и исмеани од страна на било кого во овој свет, и тоа поради почитувањето на некакви лажни човекови права и слободи?

Маркетинг

По Божјо допуштение, веќе му се одврзани рацете на сатаната и на демонските сили и се случува вистинска побуна против Бога, против самиот наш Творец и Создател. Верувајте дека од сите страни сме нападнати и духовно и морално и не можеме, како што вели свети Игнатиј Брјанчанинов, да го сопреме она што Божјата Десница го допуштила за да се исполни времето. Младоженецот е сѐ поблиску и поблиску, но од нас ќе се бара одговор на Страшниот Суд, дали ние мирно сме го прифатиле злото, дали ние сме замижале или сме дале достоен отпор како Православни Христијани. Не треба од никого и од ништо да се плашиме, вели Христос, треба да се плашиме само од Оној, Кој може и душата и телото да ги фрли во пеколот.

Дали ние денес ќе го следиме светлиот пример на многуте христијански исповедници и маченици и храбро ќе им се спротивставиме на оние кои го негираат Воскресението Христово, кои го унижуваат и самиот Христос и Неговата искупителна жртва и коишто се бунат и против самиот Бог?

Веќе е крајно време смело да застанеме и да Го исповедаме Христа, да ја исповедаме верата Православна и да не се плашиме од светот, бидејќи Христос е нашиот закрилник, нашиот помошник, нашиот Творец и Создател. Без Негово допуштение и без Негова волја ништо не станува и ништо не се случува, дури и влакната на главата ни се избројани. Затоа, не треба да се плашиме од тоа што ќе кажат ближните, што ќе каже светот, оти сета оваа џендер (родова) идеологија е дело на сатаната, сето ова е дело на страшен психолошки, морален и медиумски притисок, бидејќи колку повеќе нѐ клукаат по главата дека сето тоа е нормално, природно и од Бога дадено со самото раѓање, толку повеќе и умовите и срцата и душите на нашите најмлади, на нашите деца се изопачуваат, се менуваат и тие тоа го прифаќаат, веруваат во тоа и на крај ќе се соочиме со ситуацијата нашите деца или да застранат од верата или да застранат со некаков крајно изопачен морал.

Затоа, да не бидеме наивни сите, да не бидеме рамнодушни кон нападите на демонските сили, бидејќи Христос ќе бара од нас одговор на Страшниот Суд. Ако ние денес се срамиме од Него и од Неговите заповеди, од Неговата љубов и милост којашто секојдневно ни ја покажува и излева кон сите нас, тогаш и Он ќе се засрами од нас пред Небесниот Отец на Страшниот Суд, пред сите Небесни ангели и пред сите светии. Наше е да се спротивставиме, наше е да го подигнеме нашиот верен христијански православен глас и да се кренеме во одбрана и зачувување на нашите вековни традиционални и христијански семејни вредности. Верувајте дека сето ова го засега секој еден од нас, сите наши семејства и сите наши деца, бидејќи се работи токму за иднината на нашите поколенија.

Затоа, како православни христијани, не смееме да спиеме и не смееме мирно да го допуштиме злото да се шири и меѓу нашиот народ. Сѐ зависи од нас, зависи од нашето покајание и зависи од тоа колку ние ќе бидеме будни или заспани. Ако го прифатиме сето ова што ни се наметнува лесно и без борба, тогаш верувајте дека и Бог ќе отстапи од нас со Својата благодат, па после ќе ги почувствуваме тешките и разорни последици на нашата млакост и рамнодушност кон верата Христова.

Да си ги спасуваме душите со Божја помош и со благодатта Христова, по молитвите на сите свети исповедници и маченици за верата Христова, на чело со Пресветата Божја Мајка, којашто е секогаш наша закрилничка и помошничка, па така и сега, ако ѝ се обратиме со чисто срце и со покајание, Таа ќе ни помогне да ја извојуваме духовната победа.

ЦЕЛОТО СВЕШТЕНСТВО, МОНАШТВО И ВЕРНИОТ НАРОД НА БРЕГАЛНИЧКАТА ЕПАРХИЈА, во целост ја поддржуваме граѓанската иницијатива на здруженијата соединети во „СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ“ и ќе се потрудиме во што поголем број, со целите свои семејства, да бидеме присутни на Светата Литургија во храмот на Мајката Божја во Скопје во сабота на 29.06.2019 г., во 08:30 часот, просејќи и измолувајќи го Нејзиното моќно застапништво, и потоа сите заедно ќе учествуваме во ПОВОРКАТА ПОСВЕТЕНА НА СВЕДОЧЕЊЕТО НА ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ СЕМЕЈНИ ВРЕДНОСТИ.

П.С. Ги замолуваме сите наши духовни чеда, браќа и сестри во Христа, да го споделуваат што повеќе овој апел, за да бидеме што побројни на настанот и во поворката, со цел што посилно да посведочиме, сите заедно со семејствата, што за нас како христијански народ е нормално и прифатливо.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button