Вирално

Апел до сите хумани луѓе – потребни се 28.000 евра за да се спаси животот на малата Софија

Advertisement

Малата Софија Караманолева има само 22 месеци, а веќе е оперирана од високо малиген тумур-неуроектодермален тумур на р’бетниот мозок.

Advertisement

Итно е потребно лекување во болница во Турција. Животот на малата Софија вреди повеќе од сумата која треба да се собере, а тоа е – 28 000 евра.

Катерина Караманолева, мајката на 22 месечното девојче од Струмица за Фокус изјави дека откако дознале за болеста минуваат низ многу тежок период. Нејзината најмала ќерка  Софија се развивала како и секое нормално дете, се до март оваа година кога за само две недели целосно престанала да оди. По сите испитувања дијагнозата поставена од докторите била застрашувачка – тумор на р’бетниот мозок. Во јуни е оперирана во клиниката „Систина“, на товар на фондот, но се испоставило дека туморот е високо малиген, од четвртата група. Туморот се шири бргу и за само два месеци повторно се појавил на дел од вратот, па лекарските тимови им кажале на семејството дека повторна операција е невозможна, дека хемотерапијата не помага, и дека Софија мора да оди на зрачење. Но бидејќи кај нас зрачењето е класично, а Софија се уште е многу мала, родителите сметаат дека многу побезбедно би било да ја однесат на клиника во Турција, на стереотактичка радиохирургија во болницата ,,Санте плус’’ во Истанбул – вели загрижената мајка за Фокус.

Advertisement

 

Тие отвориле сметка за донации, а веќе добиле и телефонски број од Т-мобиле.

Сите кои што се во можност да донираат, тоа можат да го сторат на следната сметка: Денарска: 300-0310000039-29

Девизна: IBAN –MK07300307064771533

SWIFT- KOBSMK2X Комерцијална банка

И на телефонот за донации за Т-мобиле 070 143 121

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button