Реклама
Холивуд

Анџелина Џоли со сериозно нарушено здравје: Едвај оди, нездраво слабее, пукнала и психички

Реклама

Со месеци се пишува за тоа дека Анџелина Џоли е во ужасна состојба. Прво во февруари оваа година американскиот таблоид „NW magazine“ лансираше вест дека актерката се одлучила на драстични мерки за да ѝ го одземе Бред Пит на Џенифер Анистон.

Според нивните тврдења, заминала „под нож“ и издвоила дури 1,4 милиони долари за тој зафат. Исто така наведуваат дека Анџелина Џоли користи апчиња за избелување на кожата и филери за да ги коригира подочниците. Бидејќи тоа не ѝ било доволно, ставала и ботокс, редовни пилинзи и затегнување на кожата, а наводно повторно го коригирала и носот.

Маркетинг

Сега „NW magazine“ тврди дека Анцелина не води само битка со стареењето туку и здравствената состојба сериозно ѝ е загрозена. Тие тврдат дека на почетокот на година доживеала нервен слом, а извор близок до актерката, за таблоидот рече дека Анџелина е толку слаба што едвај може да стои и дека често има вртоглавици, па константно е на работ на свеста. Кон ова секако придонесува нејзиното упорно одбивање на храна па неодамна имала само 45 килограми. Живеела на овошје, протеини и кафе, и одвреме навреме јадела парче пица. Сега пак нејзините асистентки тврдат дека не јаде ништо, а бидејќи се по цел до неа, со свои очи гледаат дека речиси не конзумира храна во последните недели. Ќе изеде само малку грозје, а остатокот од денот пие огромно количество кафе, тврдат тие, секако ако може да му се верува на „NW magazine“.

Таблоидот исто така тврди дека Бред и Анџелина неодамна ги здружиле силите за да се грижат за ќерките Шајло И Захара, кои имаа операции, а Анџелина полудела кога слушнала дека Бред во некој момент дошол со Анистон за дa ги посети девојките.

И додека некои тврдат дека ова се пушти нагаѓања и непроверени шпекулации, факт е дека никој не ја видел Анџелина со месеци, освен што папараците ја фатија додека ги посетуваше ќерките во болница, но по обичај се скриваше зад огромни наочари за сонце и преголема облека во црна боја која не дозволува да ѝ се види вистинскиот изглед на нејзиното тело. Сепак, бидејќи и претходно Анџелина беше склона кон анорексија, навистина е можно повторно да се бори со неа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button