48-годишната холивудска актерка Анџелина Џоли ја краси насловната страница на новиот број на американски Вог.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
За споменатиот медиум, таа ексклузивно зборуваше за воспитувањето на децата и родителството, а се осврна и на разводот со актерот Бред Пит.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
Во своето искрено интервју таа рече дека никогаш не зажалила што станала мајка, а по разводот ја спасиле нејзините деца на кои целосно им се посветила.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
Анџелина не крие дека минувала низ тежок период но оттогаш мајчинството и е главен приоритет, па се труди да поминува што повеќе време со своите деца и да разговара со нив за сите теми кои им се суштински и важни.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
Целиот живот и се променил кога станала мајка и воопшто не се кае поради нејзината одлука.
-Имав 26 години кога станав мајка. Тоа што имам деца ме спаси, но и ме научи на некои нови работи“, рекла актерката и додала дека е убедена дека ќе завршела на дното доколку не решила да живее за нив.
Анџелина Џоли го промовираше и својот моден бренд наречен „Atelier Jolie“ во едиторијал за насловната страница на Vogue за ноември.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
– Откако поминав низ тежок период во кој бев повредена, терапевтот ме праша дали ќе се обидам да носам лелеава облека. Можеби звучи глупаво, но претпоставував дека панталоните и чизмите ќе ме направат посилна и решив сама да ги креирам, изјави познатата актерка.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
Да потсетиме, Џоли го запозна славниот актер на снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“ во 2005 година, додека Пит беше во брак со холивудската миленичка Џенифер Анистон.
Парот Џоли и Пит имаат шест деца, три биолошки и три посвоени.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
За време на снимањето на филмот „Lara Croft: Tomb Raider“, Џоли го посвои својот прв син Медокс во Камбоџа. Другите деца на парот се 19-годишниот Пакс, 19-годишната Захара, 17-годишната Шајло и 15-годишните близнаци Вивиен и Нокс.
Анџелина пред Бред Пит беше во брак со Џони Ли Милер, а на нивната венчавка го напиша неговото име на бела маица со сопствена крв.
фото инстаграм/Анџелина Џоли
Таа исто така три години беше во брак со американскиот актер Били Боб Торнтон, со кого се омажи во 2000 година, во Лас Вегас.