Антонија Гиговска падна на сред настап во „Пинкови ѕвездички“, но веднаш стана и она што го направи ги изненади сите (видео)
Претставничката од Македонија, Антониа Гиговска, повторно имаше одличен настап во последната емисија на „Пикови ѕвездички“, и покрај тоа што во еден момент и се случи непријатна случка.
Имено, во полуфиналето во музичкото шоу таа падна на бината, но како вистински професионален продолжи со настапот како ништо да не се случило. Младата пејачка со тоа ги воодушеви сите, а нејзиниот настап можете да го погледнете во видеото што следува (на 1.28).
Кога можеше Бијонсе да падне, можеш и ти. Најважно е што продолжи да ја пееш песната. Ти честитам и на твојата нова песна, и кажа Гоца Тржан. Таа меѓу другото и го честиташе на Гиговска и пласманот што таа како придружен вокал задно со Тамара Тодевска го освоија на Евровизија.
„Бевте прекрасни, тоа е голем успех за Македонија, јас со целото срце покрај Невена навивавме и за вас“, изјави познатата пејачката по настапот на Гиговска.