Антониа со гол струк и тесни хеланки го истакна ТРУДНИЧКОТО СТОМАЧЕ: Пејачката посреќна од било кога
Македонската пејачка се стегна во хеланки и кратка кошула, па го истакна трудничкото стомаче.
Антониа изгледа посреќно од било кога и гордо се фали со трудничкото меше.
Антониа Гиговска уште како многу мала започна да се занимава професионално со музика.
На свои 22 години таа веќе има завидна кариера и хитови кои публиката ги знае напамет.
Публиката ја запозна со нејзиното учество во српското музико шоу Пинкови ѕвездички, каде веднаш ја освои и македонската, но и балканската публика.
Жирито ја обожаваше.
Ова беше само отскочна даска за неа и таа продолжи да соработува само со еминентни имиња кај нас.
Нејзиниот приватен живот е доста интригантен за јавноста.
Целата нејзина љубовна драма публиката имаше можност да ја проследи.
Таа неколку години беше во врска со популарниот пејач Иван Јованов од Либеро бенд.
Се чинеше дека станува збор за огромна љубов.
Тие споделуваа многу нивни заеднички фотографии на кои делуваа вљубено.
Веста дека тие ја прекинале врската ги зачуде нивните фанови.
Пред извесно време Антониа ги изненади сите откако соопшти дека е трудна и дека веќе го знае полот на бебето.
На нејзиниот 22. роденден таа доби и понуда за брак од нејзиното ново момче, Роберт Спасенцовски.
Пејачката делува посреќно од било кога, а сега одлучи и да го покаже трудничкото стомаче.
Подготвена за настап, Антониа позираше пред огледалото во нејзината соба.
Облечена во тесни хеланки и кратка кошула, пејачката гордо се пофали со мешето.
Погледнете:
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска
ФОТО: Инстаграм / Антониа Гиговска