Антониа Гиговска се појави во Ким Кардашијан издание на својата матурска
Пејачката Антониа Гиговска во најнеобичниот матурски фустан што сме го виделе досега

Пејачката од Македонија која растури на Пинк ѕвездички, Антониа Гиговска оваа година е матурантка.
Младата пејачка за која допрва ќе слушаме деновиве беше и дел од евровизиската екипата на Тамара Тодевска во Тел Авив. Но поради својата матурска забава мораше да го напушти настанот еден час по завршувањето на Евровизија, и да се врати во Скопје, додека Тамара и делегацијата се вратија дури вчера во доцните ноќни часови.
Антониа на својата матурска забава се појави во тренди розов сако-фустан кој го носеше со елегантни сандали со тенки високи потпетици, плико чанта и пуштена коса.

Инаку, сако-фустаните се тренд кој меѓу првите го започна познатата старлета Ким Кардашијан. Тие веќе неколку сезони се голем хит во светот на модата, а нивната тајна се крие во тоа што паралелно нудат, од една страна, доза на елеганција и сериозност, додека од друга – опуштен „party look“.
Можете да ги носите како во опуштени дневни варијанти (дури и со патики), така и на црвениот килим, а наш предлог е под нив да носите нешто за секој случај.