Аница беше најсиромашна пејачка на естрадата, се омажи за Македонец и замина во Америка, еве како се снаоѓа таму
Пејачката Аница Миленковиќ (39) некогаш беше ѕвезда на „Гранд продукцијата“, а денеска изгледа непрепознатливо, во однос на почетоците на својата пејачка кариера.
Таа со години живее со вереникот и две деца во САД. Последниот албум го издаде во 2008 година, по што се отсели во Америка, каде остана бремена со својот тогашен вереник Данило. Со него ја доби ќерката Барбара, а потоа се разделија, па вплови во врска со Македонецот Зоран со кој денеска го има синот Филип.
Пејачката и натаму се занимава со пеење, само што има десетина килограми повеќе и што му е максимално посветена на синот кој е роден глув. Во едно интервју признава дека во еден период во САД живеела и од социјална помош.
Инаку, Аница на почетокот на ноември 2018 година издаде нова песна „Немој о њему“, за која сними и видео спот, која се појави после 11 години пауза.