Анета си ја скрати косата, па ги „шокираше“ фановите – пејачката со нов имиџ, дали ви се допаѓа?
На фановите им приреди вистинско изненадување кога се појави со својата нова фризура

Пејачката се пофали со својата нова фризура
Една од нашите најпознати фолк-пејачки, Анета Љумаковска, во последно време редовно ги инспирира дамите и со својот стил.
Анета го негува својот природен изглед и најчесто преферира елегантни парчиња што сама си ги избира.
И како што самата откри во една пригода за Гламур магазин, на пејачката најважно и е да се чувствува убаво и удобно во она што ќе го купи, а не колку пари е и дали е со логото на познат бренд.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Жена без комплекси
Таа често знае да си поигрува и со боите и да ги внесе во својот стил, а сега не изненади и со својата нова фризура.
Имено, на социјалните мрежи испливаа неколку фотографии со новата фризура на Анета кои веднаш ги воодушевија нејзините фанови.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Нејзината кратка коса овој пат одлично е разиграна со „разбушавените“ осветлени прамени, а според насмевката на Анета може да се заклучи дека навистина ужива во ова свое ново шик издание.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Најважно е да се чувствувате удобно во своја кожа, изјави Анета во една пригода
Нашминкана не премногу нападно, со кармин во темноцрвена нијанса, пејачката остави во фокусот да биде нејзината коса.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Промените започнуваат на крајот од твојата комфорна зона, напиша фризерот Алек Палада кој е виновен за ова издание на Анета.
Инстаграм/ Анета Љумаковска
Коментари под овие фотографии се уште се редат, а многумина заклучија дека оваа фризура и стои одлично на Анета.
Што мислите вие?