Анета по разводот од Џими повторно во центарот на вниманието – заводлива како никогаш досега
Еве зошто сите погледи беа насочени кон Анета – со своето издание ги остави сите без здив

Ги воодушеви сите со ова свое издание
Шармантната Анета Љумаковска важи за една од најпознатите фолк-пејачки нашата домашна музичка сцена.
Но покрај својот беспрекорен глас, Анет привлекува внимание и со својот изглед, посебно кога станува збор за нејзините настапи.
Таа е една од ретките жени на нашата јавна сцена која нема проблем да се појави во јавност без шминка и во опуштено издание, но и да направи трансформација од која застанува здивот.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Впрочем така беше и овој пат кога на снимањето на една позната ТВ емисија Анета го украде шоуто со своето модно издание.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, пејачката која веќе со години е присутна на музичката сцена за оваа пригода облече црвени панталони и црвено сако со интересен крој, а целата комбинација ја разигра со бело боди.
На нозете носеше црвени високи потпетици, а она што исто така ги воодушеви сите беше и нејзината нова шик фризура.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката целото издание го „заокружи“ со кармин во страсна црвена боја и нејзината препознатлива насмевка, а како изгледаше и зошто сите беа воодушевени од неа, погледнете во продолжение…