Анета од „Молика“ повеќе не изгледа исто, направи драстична промена – откри и со кого се забавува
Ново издание на нашата позната пејачка
Нејзиниот нов изглед ги изненади сите
Нашата позната фолк-пејачка Анета Љумаковска ги изненади сите со својот нов имиџ што го „фура“ сега.
Имено, таа објави неколку снимки од еден настан, а сите се согласни дека пејачката никогаш не изгледала поубаво.
Облечена во тесно кожно здолниште и тренди кошула со леопард дезен Анета едноставно блескаше.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Пејачката се пофали и со својата нова фризура, а многумина во коментарите и порачаа дека изгледа прекрасно.
Анета се пофали со својот нов имиџ на социјалните мрежи, па пријатно ги изненади нејзините бројни фанови.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа објави и една фотографија со водителката Душица Јаковљевиќ која моментално е во центарот на вниманието.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Имено, познатата српска водителка која долго време беше заштитно лице на „розовата“ телевизија и водителка на најпознатите ријалити програми на Балканот, реши да даде отказ во „Пинк“.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Веста дека Душица по 10 години дава отказ во розовата телевизија одекна како бомба во регионот, а како што изјави за медиумите, се уште не сака да ги коментира наводите во врска со тоа.
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска
Таа пред само неколку дена беше водителка на премиерата на филмот за Аца Лукас, а со нашата позната пејачка се сретна во Берлин, Германија, каде што беше водителка на една свадба на која што кој беа присутни бројни познати личности од регионот.