Реклама
Наши ѕвезди

Анета од „Молика“ објави тажна фотографија од која на МНОГУМИНА ИМ СЕ НАСОЛЗИЈА ОЧИТЕ (фото)

Познатата пејачка се потсети на својот драг колега

Реклама

Познатата пејачка се присети на својот колега

Познатата фолк-пејачка Анета Љумаковска објави стара фотографија на која е со својот колега, музичарот Милан Завков.

Милан почина ненадејно во февруари 2023, на 61 годишна возраст, а фотографијата што Анета ја објави е од 2018 година, направена за време на снимање на една од нивните заеднички емисии.

Маркетинг

Милан Завков беше врвен инструменталист и композитор, виртуоз на својот инструмент, првенец на Националниот ансамбл „Танец“ и долгогодишен раководител на оркестарот.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

На хармоника почнува да свири на 8-годишн возраст, а кога требало да се запише на Музичката академија не постоеле студии по хармоника Завков се определува за неговиот втор инструмент, контрабасот и со успех дипломира на одделот за гудачки инструменти.

Но, и покрај тоа што ќе дипломира на контрабас, Завков ја продолжува кариерата на својот прв и единствен избор – хармониката и остварува неверојатно богата изведувачка, но и творечка кариера. Во 1970 година, со популарниот ‘Октет Македонија’ ја снима својата прва плоча, а во својата четиридецениска кариера на полето на народната музика, самостојно, во различни соработки, како и со познатата група „Македонски мерак“ остварува врвни музички интерпретации и значаен опус на композиции и аранжмани за бројни познати изведувачи од нашата земја кои и денес се хитови.

Фото: Принтскрин

Тој е автор на голем број песни, изведувани од страна на бројни познати пејачи како: Виолета Томовска, Гоце Арнаудов, Ефто Пупиновски, Благица Павловска, Анета Мицевска, Ленче Кукиќ и Горан Кукиќ, и музичките групи Група Маестро и Група Академци.

Фото: Фејбсбук/ Танец

Маестро Милан Завков почина на 6 февруари 2023 г. од срцев удар, а веста за неговата ненадејна смрт предизвика вистински шок и неверување посебно од причина што музичарот бепе исклучително активен и ангажиран како музичар и раководител на оркестарот во Танец до последниот ден од својот живот.

Фото: Фејбсбук/ Танец

Фотографијата што Анета ја објави ги потсети сите на нивниот драг колега со кого поминале многу заеднички моменти.

Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

Пејачката на групата „Молика“ на овој начин покажа дека радо се сеќава на познатиот хармоникаш и дека нема никогаш да го заборави.

Фото: Фејбсбук/ Танец

Тој ќе остане запаметен по неговите бројни песни кои се уште насекаде радо се пеат и кои оставиле длабока трага во нашата музика.

Некои од нив слушнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button