Анета „Молика“ си ја отвори душата и проговори за ТЕШКИОТ ПЕРИОД: „Се надевам брзо ќе помине“

Таа е една од ретките која може да се пофали со неверојатен глас, но за жал поради пандемијата сѐ помалку ја слушаме.

Кога македонската пејачка Анета Мицеска ќе запее сите се на нозе. Пејачката која публиката ја знае како Анета Молика и нејзиниот сопруг Џими Мицевси повеќе од 20 години опстојуаат на македонската музичка сцена со својата
група „Молика“.
Анета е една од најдобрите пејачки во Македонија и пошироко.

Глас каков се чини дека повеќе никогаш нема да се роди. Секоја песна звучи извонредно во нејзина изведба. На нивните настапи местата во кои настапавуваат се преполни. Се чека ред за да се присуствува на нивна свирка.
истинска чест е нејзиниот глас да се слуша во живо и да се ужива во нејзината музика.
Освен во Македонија тие се популарни и на Балканот, но и ширум Европа, Австралија и Америка.

Анета со својот глас веќе го освои српскиот пазар, а снимките од нејзините настапи на Јутјуб во српските емисии имаат најмногу гледаност.
Во брачните води, Анета и Џими пловат 18 години, а претходно биле 2 години во љубовна врска.
Во едно сое интервју пејачката кажа дека нивната љубов е цврста и силна како и првиот ден.

-Најискрена ќе бидам. Јас сум пресреќна со Џими иако сме 16 години во брак и една година бевме во врска, значи 17. Љубовта кај нас се уште постои исто како да сме на почетокот. И што е најважно од се ние имаме разбирање и покрај тоа што сме заедно 24/7. Му благодариме на Господ што до сега во ниеден сегмент од нашето живеење ништо не ни е досадно“ изјави Молика претходната година во интервју за „7дена.мк“.

Нино најголемо богаство и круна на љубовта им е ќерката Моника, со која гордата мајка постојано објавува а социјалните мрежи.
Моника е вистинска убавица, која својата убавина очигледно ја има наследено од својата мајка и неверојатно многу потсетува на Анета
Дека крушата под круша паѓа доказ е ова семејство.

Моника има талент за музика, но не и желба да се занимава со таа професија. Таа учи да стане стоматолог.
Она што ѝ претставува тешкотија, а е дел од професијата на Анета, е моментот кога поради работните ангажмани и патувања мора да се одвои од својата убавица. Но, човек понекогаш може да направи некаква жртва за да ја достигне зацртаната цел.

Пејачката откри кој најмногу ѝ помага при воспитувањето на ќерката.
-Воопшто не ми е лесно. Но, за секоја една работа мора да постои жртва. Во нашиот случај тоа е нашата ќерка Моника. За среќа тука се моите родители, кои се грижат за неа исто како што би се грижела и јас. Многу ми недостасува бидејќи постојано сме на пат. Но, сите имаат разбирање за нашата работа“ изјави пејачката во едно интервју.
Освен за пеење, Моника се чини дека е талентирана и за готвење.

Пејачката објави фотографија на Инстаграм стори каде нејзината ќерка Моника умешно подготвува јадење и во описот напиша „Кој си знае, си знае“.

Дали Моника освен што знае да направи вкусни палачинки или знае да подготви уште вкусни работи не можеме да знаеме, но знаеме дека Анета и Моника го користат секој момент да уживаат заедно и да го негуваат нивниот однос не само како мајка и ќерка туку и како вистински другарки.
Анета на Инстаграм сподели и стара фотографија на која Моника е бебе, со која ги разнежни сите.
„Спомени од срце“, напиша во оспиот на фотографијата.

Поради пандемијата коронавирус, пејачите немаат право да настапуваат, а угостителките објекти не смеат да организираат прослави и некакви веселби, ниту пак да се групираат луѓе.
Пејачката истакна дека и покрај тоа што ѝ е многу тешко да го издржи овој период без ниввните свирки и дружбата со фановите, сепак мора да се продолжи напред и тоа само со позитивни мисли.

–Многу ми фали публиката нормално, на секој пејач би му фалела. Јас ова го работам од 14 години, така да, повеќе сум навикната со публиката, отколку дома.
Се надевам дека брзо ќе помине ова, не знам што друго би кажала бидејќи сите сме разочарани од ова што не снајде и не само нас, туку цел свет страда од оваа болест.
Мислам дека е време да мислиме на позитивни работи, на убави работи и да почнеме да се дружиме. Токму сега на колегите им зборував за тоа колку ми фали ова, да се собереме за снимање на Новогодишни шоуа, емисии или било што. Многу ми фали навистина и сигурна сум дека на сите им фали.-истакна Анета, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Да потсетиме, Анета и група Молика во изминатите месеци одржуваа онлајн концерти со цел да ја расположат јавноста во тешките моменти.
Споделија неколку видеа со песни, а меѓу нив и познатата народна песна „Црна се чума зададе“, која беше снимена како одговор на ситуацијата во која што се наоѓаме за да ги израдуваат своите фанови.

-Ако продолжи вака ситуацијата нема да имаме планови навистина. Но, ние сме секогаш позитивни со позитивни мисли и кога беше полицискиот час и карантинот ние секогаш се дружевме со публиката, односно на народот им пружевме да биде нон стоп со музика, со песни, да не мисли на лошо.

Да не седи пред телевизор и да гледа лоши работи каде што се зборува само за вирусот. Ние постојано снимавме емисии во живо, се вклучувавме во живо.
Мислам дека публиката е задоволна со тоа и се надевам дека нема да има веќе такви концерти, туку ќе бидат во живо со нашата публика., изјави познатата пејачка.


















