Вирално

Анета и „Молика“ распалија по Македонската телевизија – Седум години по ред само банани лупете!

Advertisement

Нов скандал поврзан со македонската музичка сцена

Advertisement

Анета Мицевска пејачка на македонскиот бенд Молика заедно со членовите се револтирани затоа што нивната песна не беше избрана да ја претставува Македонија на Евровизија кој треба да одржи во Лисабон. Нивната песна не само што не беше избрана, туку не се ни пласираше во вториот круг каде од страна на жирито составено од музички новинари, по три елиминациони кругови беше избрана песната „Lost and Found“ на „Ај Кју“ како најсоодветна за натпреварот во Португалија. Еве што пишува во нивниот статус:

„А бре Македонска телевизија! Нити ве бивало за нешто, ниту ќе ве биде некогаш! Имавме кажано многу пати ние од Молика да не учествуваме на фестивали кои вие ги организирате, ама ајде, овој пат се надевавме на регуларно гласање за избор на песна за Евровизија. И што направивте? Ќе си видите по осми мај (денот на одржување на настанот), исто како што си гледате секоја година, поточно седум години назад по ред лупете банани! Ама некој друг плаќа, поточно македонскиот народ, за вие да шетате со туѓи пари. Ние многу добро знаеме кои сме и колку можеме, а за Анета вие од МРТ немате капацитет за да слушнете која е и колку вреди. Не се секирајте, има некој од надвор што знае што е добро и што вреди. Толку од нас, во иднина да заборавете на Анета и ‘Молика’!“, стои во статусот на група Молика кој беше објавен пред неколку дена на Фејсбук.

 

Advertisement

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button