Реклама
Наши ѕвезди

Анета заедно со Харис Џиновиќ кој се разведе од Мелина – исплива фотографија што ги изненади сите

Ќе се изненадите и од другите што седат на оваа маса

Реклама

Беше во друштво на своите колеги и не ја тргаше насмевката од лицето

Анета Љумаковска за оваа пригода носеше црно кожно здолниште, а екипата со која што е опкружена ги воодушеви сите.

Една од најпознатите македонски фолк-пејачки ги изненади сите кога откри дека се разведува од својот поранешен сопруг.

Маркетинг

Таа долги години беше во брак кој важеше за еден од најскладните на нашата естрада, но очигледно дека не било сé така идилично, па пејачката и нејзиниот партнер решиле дека е најдобро да се разделат, но и да останат во добри односи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Анета Љумаковска

И откако оваа вест одекна како бомба, Анета често беше во центарот на вниманието токму на оваа тема, а најголема поддршка во тешките моменти добиваше од своите најблиски, но и од верната публика која со нетрпение очекуваше таа да им се врати во полн сјај.

И тоа се случи многу бргу, а пејачката не само што се врати и продолжи со својата кариера, туку според нејзините обожаватели таа сега изгледа никогаш поубаво и очигледно дека разводот не ја скрши.

Впрочем тоа можеме да го видиме и од една фотографија која неодамна исплива на социјалните мрежи, а која за прв пат беше објавена во времето кога разводот беше главна тема во медиумите, а на која Анета блеска и плени со својот изглед.

Фото: Фејсбук/ Халид Муслимовиќ

Имено, станува збор за фотографија направена во емисијата на Харис Џиновиќ а која што ја објави Халид Муслимовиќ.

На фотографијата е и нашата Анета, која ужива во ова познато друштво, а црното кожно здолниште ја истакна нејзината женственост.

Принтскрин/ Муштулук, УнаТВ

Фотографијата е објавена во февруари, на профилот на Халид, и тоа во времето кога во медиумите почна да се шушка дека и Харис Џимовиќ се разведува од својата сопруга, дизајнерката Мелина Џиновиќ.

И оваа вест подоцна излезе дека е точна, а Харис неодамна даде изјава во врска со разводот и истакна дека тој не е виновен за тоа.

„Таа ја знае причината, таа мене ме напушти, не јас неа. Јас не знам ништо, во главно изневерениот маж последен дознава“, истакна Харис неодамна, па во врска со разводот го додаде и следново:

„Луѓето велат дека луѓето по смртта е најтешката работа. Јас малку ќе демантирам. Ако на тебе не ти се допаѓа да бидеш со мене, нема ни јас со тебе“, изјави популарниот пејач неодамна за медиумите во соседството.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button