Реклама
Наши ѕвезди

Андријана Јаневска и Влатко Миладиноски заедно?! Пејачката не сте ја виделе во вакво издание

Емоциите беа посебни, ваков дует никој не очекуваше

Реклама

Младиот фолк-пејач Влатко Миладиновски на својот профил сподели едно интересно видео што ги воодушеви сите.

Имено, Влатко на својот профил на Фејсбук го објави видеото од заедничкото гостување во една емисија на МТВ со Андријана Јаневска.

Тие тогаш задно ја испеаја песната „Елено ќерко“, а видеото снимено во емисијата „Фолк џубокс“ никого не остави рамнодушен.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, МТВ

Тие настапија заедно во придружба и со групата „Фортуна“, а Јаневска го украде вниманието и со својот преубав фустан.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, МТВ

„Заедничка изведба на ‘Елено ќерко’ со мојата омилена ‘Докторка’, проф. др. Андријана Јаневска од нашето заедничко гостување во Фолк Џубокс во придружба на група Фортуна“, напиша Миладиновски во коментарот на видеото, а се огласи и Андријана.

„Ти благодарам за убавите зборови, почитуван колега! Ми беше чест да настапам во дует со тебе!“, напиша Андријана во коментарите.

Принтскрин/ Јутјуб, МТВ

Како сето тоа изгледаше и колку беше посебна емоцијата кога Андријана и Влатко ја запеаја заедно оваа убава македонска песна и ги оставија сите без здив, погледнете во продолжение…

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button