Андријана Јаневска изненадена од подарокот што го доби – пејачката блескаше, но ова и го разубави денот
Одлична забава со познатите евергрини
Нашата музичка ѕвезда Андријана Јаневска имаше уште еднаш одличен настап со кој ја воодушеви скопската публика.
Но, овој пат пејачката си доби и посебно изненадување кое што ја израдува, па се пофали на социјалните мрежи.
Станува збор за букет со преубави цвеќиња, па таа се фотографираше со него преплавена од емоции од настанот.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана Јаневска вчера настапи на отворањето на Карпошовото културно лето 2024 заедно со Националниот џез оркестар.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Таа изведе дел од македонските евергрини, а покрај Андријана солисти беа и Џон Илија Аплелгрин, Ана Петановска, Светлана Јовановска, Зорица Поп Анкова и легендарниот Драган Мијалковски.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Пејачката за оваа пригода носеше светкав фустан во кој заблеска во сиот свој сјај, па ги воодушеви сите и со својот изглед.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Концертот помина одлично, што може да се види и од бројните снимки што испливаа на социјалните мрежи, а публиката уживаше во изведбата на македонските евергрини на нашите музичари.