Андријана уште еднаш покажа зошто важи за една од најзгодните жени меѓу нашите познати дами
Таа не е само една од нашите најшколувани пејачки, туку дефинитивно и една од најзгодните
Пејачката Андријана Јаневска ги изненади сите
Нашата позната пејачка оваа сезона неколку пати можевме да ја видиме како ужива на плажа, па дури и со рибарска трска.
Но покрај ова несекојдневно издание, пејачката најмногу ги изненади своите следбеници со фотки на кои е во костим за капење. Андријана ова лето тоа го направи неколку пати, а она што сите го забележаа е дека во секое од овие изданија изгледаше беспрекорно.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Па така во една пригода опуштено и лежерно уживаше на лежалка, па покај тоа што ги воодушеви сите со својот изглед таа и многумина насмеа со коментарот што го остави под фотографијата.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Имено, пејачката тогаш напиша дека бојата на костимот за капење нема никаква врска со компанијата Визеир, а многумина беа воодушевени од тоа како овие светли нијанси стојат на нејзиниот тен.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Инаку, Андријана на својот Инстаграм ретко објавува вакви фотографии, но сега направи преседан и ги воодушеви сите.
Таа покажа дека и денес има тело за медал и нема ниту грам вишок, па под секое од овие изданија си доби бројни комплименти.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Потсетуваме, Андријана Јаневска и музичарот Драган Гиновски – Гино се во брак 15 години, а круна на нивната љубов се нивните два сина.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Тие на „лудиот камен“ застанаа по неколку години врска, на 30-ти декември 2009 година, а свадбата се случи следната година.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Нејзиниот сопруг Гино е 14 години постар од неа, а според Андријана тоа е голема предност во нивниот брачен однос и љубов.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Круна на нивната љубов се нивните две деца, Димитар и Кристијан, а како пејачката изгледаше и како невеста, потсетете се тука.
Инстаграм/ Андријана Јаневска
Пејачката ретко објавува вакви фотографии, но сега направи преседан и ги воодушеви своите следбеници.